ПС306И/18: Емоции и когниција

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаIII2+26

Наставник: д–р Огнен Спасовски, д–р Филип Сулејманов

Цели на предметната програма:

Студентите да добијат научни и продлабочени сознанија за интеракцијата на емоциските и когнитивните процеси, и како таа интеракција се манифестира во однесувањето.

Содржина на предметната програма:

Осврт на дебатата за односот на емоциите и когницијата низ историјата на филозофијата. Дали емоциите и когницијата се одвоени системи? Интегриран приод во проучувањето на емоциите и когницијата. Интеракции меѓу когницијата и емоциите. Невролошки студии за интеракцијата меѓу емоциите и когнитивните процеси. Емоционално несвесно. Влијание на емоциите врз вниманието, меморијата, процесот на донесување одлуки и моралното просудување, решавањето проблеми, однесувањето и постигнувањата. Емоционална интелигенција. Улогата на културата и јазикот во интеракцијата на емоциите и когницијата.

Литература:

1. Ерик Eјх, Џон Ф. Килстром, Гордон Х. Бауер, Џозеф П. Форгас, Пола М. Нидентал. Когницијата и емоциите, Скопје: Арс студио, 2015

2. Dalgliesh, T., Power, M., Handbook of Cognition and Emotion, Chichester: John Wiley & Sons, 2000

3. Lewis, L., Haviland-Jones, J.M., Handbook of Emotion (third edition), New York: The Guilford Press, 2008

4. Kahneman Daniel, Thinking, fast and slow, New York: Farrar, Straus and Giroux, 2011