ПС305И/18: Интелигенција
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Психологија | III | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Елена Ачковска Лешковска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат проширени и продлабочени сознанија за природата, развојот и мерењето на интелигенцијата и да се оспособат за самостојно истражување во оваа област.
Содржина на предметната програма:
Дефинирање на интелигенцијата. Кус историски преглед на концептуализацијата на интелигенцијата.Факторски модели на когнитивните способности. Современи теории за интелигенцијата на Х. Гарднер и Р. Стернберг. Стилови на мислење. Наследството и животната средина како фактори за развој на интелигенцијата. Полови разлики во когнитивното функционирање. Мерење на интелигенцијата. Емоционална интелигенција: теоретски модели, мерење и примена. Социјална интелигенција. Сексуална интелигенција.
Литература:
1. Zarevski, P., Struktura i priroda inteligencije, Jastrebarsko: Naklada Slap, 2000
2. Ачковска Лешковска, Е., „Гарднеровата теорија на интелигенцијата и нејзината импликација во наставната практика“, Годишен зборник на Филозофски факултет 55, 2002, 79-102
3. Ачковска Лешковска, Е., „Интелигенција наспроти рационалност“, Годишен зборник на Филозофски факултет 70, 2017, 139-147
4. Големан, Д., Емоционална интелигенција, Београд: Геопоетика, 2002
5. Големан, Д., Социјална интелигенција, Београд: Геопоетика, 2007