ПС303З/18: Психолошко тестирање

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаIII3+26

Наставник: д–р Николина Кениг

Цели на предметната програма:

– Стекнување знаења за: видовите тестови, можностите за употреба на психолошките тестови и ограничувањата, главните метриски карактеристики и процесот на стандардизација на тестовите

– Стимулирање на етичноста при користење психолошки тестови

– Подигање на свесноста за комплексноста во сферата на носењето одлуки за луѓето врз основа на психолошки мерни инструменти

– Стекнување базични вештини за пресметување на тежина и дискриминативност на ајтемите и интерпретација на показателите на различните мерни карактеристики на тестовите

Содржина на предметната програма:

Психолошкото тестирање како мерење. Тестирањето како дел од психолошката процена Природата на мерењето во психометријата. Базични претпоставки на кои почива психолошкото тестирање – дефиниција за тест. Видови психолошки тестови. Историски развој на тестирањето. Етички принципи на психолошкото тестирање. Ајтем-анализа – тежина и дискриминативност на ајтемите. Фази во изработка на тестовите. Објективност и дискриминативност на тестовите. Релијабилност на тестовите. Валидност и видови валидност. Пристрасност при тестирањето. Баждарење на тестовите – норми и нормативен примерок. Адаптација на тестовите.

Литература:

1. Петроска – Бешка, В. и Кениг, Н., Основи на психолошко тестирање, Филозофски факултет, 2013

2. Bukvić, A., Načela izrade psiholoskih testova, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1982

3. Hogan, T. P., Psychological Testing: A practical Introduction, Wiley, 2007