ПС302З/18: Инференцијална статистика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаIII3+26

Наставник: д–р Билјана Блажевска – Стоилковска

Цели на предметната програма:

Студентите да ги усвојат базичните поими на статистиката на заклучување, да се оспособат за примена на основните статистички методи за обработка на податоци, за интерпретација и за соопштување на добиени резултати.

Содржина на предметната програма:

Мострење. Сигурност на статистичките мерки. Нулта и алтернативна хипотеза, нивоа на значајност, грешки во заклучувањето. Значајност на разлики помеѓу аритметички средини. Едноставна анализа на варијанса. Хи-квадрат тест. Вовед во регресивна анализа.

Литература:

1. Николоски, Т., Статистика во психологијата, Филозофски факултет, 2001 (стр. 145-166; 171-196; 203-221; 228-256; 268-272; 284-308; 119-127)

2. Sani, F. & Todman, J., Experimental design and statistics for psychology: a first coursе, Malden, MA: Blackwell Publishing, 2006 (избрани поглавја)