ПС203З/18: Дескриптивна статистика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаII3+26

Наставник: д–р Николина Кениг, д-р Билјана Блажевска – Стоилковска

Цели на предметната програма:

– Запознавање со основните статистички поими;

– Оспособување за идентификација на нивоата на мерење и на соодветните статистички постапки за опис на податоците;

– Стекнување базични вештини за пресметување на дескриптивни статистици и нивна интерпретација.

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на основните поими (истражување, варијабла, примерок). Нивоа на мерење. Средување на податоците и графичко прикажување. Мерки на централна тенденција. Мерки на варијабилност. Перцентилни точки и перцентилни рангови. Веројатна нормална крива – карактеристики. Стандардизирана нормална крива. Употреба на нормалната крива. Отстапување од нормалната крива. Корелации и интерпретација на коефициентите на корелација.

Литература:

1. Николоски, Т., Статистика во психологијата, Филозофски Факултет, 2001 (до стр. 225)

2. Hinton, P. R., Statistics Explained (2. Edition), Routledge, 2004