ПС104З/18: Хумана генетика и физиологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаI3+26

Наставник: д–р Владимир Трајковски

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за научните достигања за основните принципи и механизми на функционирање на одделните органски системи, запознавање на студентите со механизмите на регулација на физичките и хемиските процеси во човечкиот организам. Студентите да ги научат основните генетски принципи што имаат влијание во психолошката практика (да ги знаат, разберат и применуваат основните принципи на генетиката на однесувањето, како и интеракцијата на гените и околината). Ваквите сознанија се предуслов за разбирање на стручните предмети од студиската програма на психологија.

Содржина на предметната програма:

Поим и дефиниција на хумана генетика и физиологија. Биолошка регулација на хомеостазата.; Физиологијата на клетката; Менделова генетика; Цитогенетика; Молекуларни основи на наследувањето; Видови наследувања; Промени во наследните чинители (аберации и мутации); Физиологијата на нервниот систем. Комуникација во невронот -синапса; Централен нервен систем; Периферен нервен систем; Голем мозок; ‘Рбетен мозок; Продолжен мозок; Среден мозок; Мал мозок; Меѓумозок; Вегетативен нервен систем; Сензомоторен систем; Условни рефлекси; Систем на сетила; Ендокрин систем; Физиологија на будност и спиење; Физиолошки основи на емоционалното однесување; Физиолошки основи на учење, паметење и мислење. Студии во бихејвиоралната генетика; Генетски основи на психијатриските нарушувања: шизофренија, афективни нарушувања, деменции; Генетски основи на аутизам, невротски, стресни и соматоформни нарушувања; Генетски основи на нарушувања на однесувањето заради употреба на психоактивни супстанции.

Литература:

1. Трајковски В., Хумана генетика, Филозофски факултет, 2005

2. Трајковски В., Физиологија со функционална анатомија на човекот. Филозофски факултет, 2009

3. Tucić N, Matić G., O genima i ljudima, Centar za primenjenu psihologiju, Beograd 2002

4. Marieb E. N., Essentials of Human Anatomy & Physiology, Pearson Benjamin Cummings, 2010

5. Lewis R., Human GeneticsConcepts and Applications, McGraw Hill, 2007

6. Shier D., Butler J., Lewis R., Hole’s Essentials of Human Anatomy and Physiology, McGraw Hill, 2009