ПС102З/18: Психологија на перцепција

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаI3+26

Наставник: д–р Виолета Арнаудова

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за развојот на психичкиот живот и за поедноставните когнитивни процеси: осетот и перцепцијата.

Содржина на предметната програма:

Развој на психичкиот живот: Теории за настанокот на психата. Стадиуми за развој на психичкиот живот и фактори од кои е условен развојот. Психофизика: Предмет на психофизиката. Проблем на квалитет и интензитет. Теорија на информации. Теорија на детекција на сигнали. Осети: Сензорна депривација и сензорна преоптовареност. Време на реакција. Рефлекс на ориентација и одбранбен рефлекс. Заемно дејство на осетите. Видови осети. Перцепција: Фактори. Теории (невро-физиолошка, активациска, изоморфизам). Видови перцепции. Илузии и халуцинации. Внимание. Когнитивна обработка на информациите.

Литература:

1. Ognjenović, P., Psihologija opažanja (str.15-264), Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 2002

2. Zdravković, S., Percepcija, Zrenjanin, 2008