ПЕ301З/18: Дидактика 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаIII3+26

Наставник: д–р Вера Стојановска

Цели на предметната програма:

Студентите да ги сфатат општите законитости и тенденции на современата настава како специфичен процес на сознание, темелно да ги усвојат општите дидактички категории, да ги проучат генезата и ефективните видови на настава, да се подготват за самостојно добивање знаења, вештини на комуникација и апликација на дидактичките истражувања.

Содржина на предметната програма:

Дидактиката како научна дисциплина. Историски развој на дидактиката. Дидактиката и другите науки. Поим за образование. Поим и суштина на наставата. Процесот на сознавање во наставата. Дидактички концепции на наставата. Фактори на наставата. Цели и задачи на наставата. Таксономија на наставните цели. Класификација и видови настава. Индивидуализирана настава. Проблемска настава. Тимска настава. Програмирана настава. Егземпларна настава. Микро-настава. Додатна, дополнителна и

продолжителна настава. Комуникација во наставата. Систем на дидакатички принципи. Методологија на дидактичките истражувања.

Литература:

1. Стојановска, В., Дидактика 1 (интерна скрипта), Филозофски факултет, Скопје, 2017

2. Вилотијевић, М., Дидактика 1, Учитељски факултет, Београд, 2000

3. Marzano, R. J. i sur., Nastavne strategije, Educa, Zagreb, 2006

4. Mattes W., Nastavne metode, Naklada Ljevak, Zagreb, 2007

5. Дамјановски, А., Индивидуализацијата на наставата, Просветно дело, Скопје, 1993

6. Адамчевска, С., Активна настава, Легис, Скопје, 1996

7. Стојанов, С., Целите на наставниот час, Просветен работник, Скопје, 1991

8. Дамјановски, А., Ученикот во наставата, Просветно дело, Скопје, 1989

9. Попоски, К., Успешен наставник, Просветен работник, Скопје, 1998