ПЕ601З/18: Дидактика на јазично и уметничко подрачје
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VI | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Јасмина Делчева-Диздаревиќ, д–р Марија Тофовиќ Ќамилова, д–р Елизабета Томевска Илиевска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења и да развијат вештини за подготовка, реализација и вреднување на целите во наставата по македонски јазик, да стекнат сигурност во работата со ученици при реализација на содржините од сите програмски подрачја по македонскиот јазик, музичко и ликовно образование, како и професионални компетенции за менаџирање на воспитно-образовниот процес.
Содржина на предметната програма:
Значењето на јазикот – македонскиот јазик, значењето на писменоста во наставата по почетно читање и пишување, потреби од иновирање на наставата по почетно читање и пишување, култура на читањето, култура на усното и писмено изразување, значењето на наставата по граматика и правопис, значењето на уметноста во наставата во првиот образовен циклус, медиумската култура низ наставата по македонски јазик, примена на театарот и филмот во наставата, развивање на графо-моторички движења кај учениците,
интегрирање на програмските подрачја во наставата по македонски јазик, музичко и ликовно образование, музичката и ликовната писменост.
Литература:
1. Делчева Диздаревиќ, Ј., Дидактика на јазичното подрачје во основното образование, Просветно дело, Скопје, 2003
2. Карлаварис, Б., Наневски, П., Методика по ликовно воспитание и образование, Трамонтана, Скопје, 1999
3. Радевски, Т., Радевска, Н., Песната како едукативна комуникација во наставата по музика во основното образование, Ирнел, Скопје, 1995
4. Bruner, J., Kultura obrazovanja, Educa, Zagreb, 2000
5. Биро за развој на образованието, Наставни планови програми во првиот и вториот образовен циклус по македонски јазик, музичко и ликовно образование, Кома, Скопје, 2007
6. Bearne, E., Wolstencroft, H., Visual Approaches to Teaching Writing, Multimodal Literacy 5-11, Sage, UCLA, 2007
7. Cassirer, E., The Philosophy of Symbolic Forms, Yale University, 1980
8. Vigotski, L. S., Problemi razvoja psihe (6. i 7. poglavje: Razvoj usmenog govora; Predistorija razvoja pisanog govora, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1996