ПКБ602И/18: Кривично право

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностVI2+25

Наставник:

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни сознанија за системот на казнена правда и одговорноста на секој поединец за дејстивјата што претставуваат казнени дела и институтите кои ја детерминираат казнената одговорност, особено значајни за поставување на границите на работниците на приватното обезбедување во Република Македонија.

Содржина на предметната програма:

Поим и функции на казненото право, развитокот на казненото право и казненоправната-наука,развитокот на македонското казнено право, основни начела на казненото право, казнениот закон и неговото важење; поим на казненото дело, дејствие, предвиденост во законот; противправност; стадиуми на извршување на умислено казнено дело; учество на повеќе лица во казненото дело; стек и продолжено казнено дело; систем на казнено – правни санкции, систем на казни, казни, судско одмерување на казната, алтернативни мерки; мерки на безбедност, конфискација на имот и имотна корист и одземање на предмети, правни последици, рехабилитација и бришење на осудата, застареност, амнестија и помилување; основи и граници на одговорноста на правните лица; казни и други санкции за правните лица; малолетничка деликвенција и малолетничка правда; систем на малолетничка правда. Oдбрани поглавја од посебниот дел (кривични дела против животот и телото, кривични дела против имотот, кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот итн.

Литература:

1. Камбовски В., Казнено право – општ дел, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2011

2. Марјановиќ, Ѓ., Каневчев, М., Македонско кривично право – општ дел, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2010

3. Камбовски В., Тупанчески, Н., Казнено право – посебен дел, Правен факултет „Јустинијан Први“,  2011

4. Тупанчески, Н., Кривичен законик (интегрален текст), Правен факултет „Јустинијан Први“, 2015

5. Сл. весник на РМ, Кривичен законик