АС501: Квалитет во образованието на возрасните

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаV2+16

Наставник: д–р Елена Ризова

Цели на предметната програма:

Студентите ќе се стекнат со продлабочени знаења за развојот на системот за обезбедување квалитет во образованието на возрасните. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критичка опсервација на квалитетната образовна понуда за возрасни. Ќе се запознаат со можноста за вмрежување на советниците за обезбедување квалитет во образованието навозрасните на ниво на Европа и светот. Студентите ќе ги усвојат фазите и целите за обезбедувањето квалитет во образованието на возрасните. Студентите ќе ги интернализираат придобивките од интерната и екстерната евалуација при процесот на обезбедување квалитет во образованието на возрасните.

Содржина на предметната програма:

Систем за обезбедување квалитет во образованието на возрасните; Фази и цели за обезбедувањето квалитет во образованието на возрасните; Култура на учење и квалитет во образованието; Улогата на советниците за обезбедување квалитет во образованието на возрасните; Улогата на сите засегнати страни во обезбедувањето квалитет; Микро и макро окружување во обезбедувањето квалитет во образованието на возрасните; Интерна и екстерна евалуација при процесот на обезбедување квалитет во образованието на возрасните; Транспарентноста и одговорноста во процесот на обезбедување квалитет.

Литература:

1. Ризова, Е., Квалитет во образованието на возрасните (интерен материјал), Филозофски факултет, Скопје, 2016

2. Mo#ina, T. (ed.), Quality indicators in adult education, Slovenian Institute for adult education, 2013

3. Defining quality in education, UNICEF 2000

4. Možina, T. (ed.), Quality development in adult education, Slovenian institute for adult education, 2012