АС604И: Културно наследство и музеологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | VI | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Никос Чаусидис
Цели на предметната програма:
Запознавање со базичните поими, елементи и методи кои се однесуваат на културното наследство и музеологијата. Разбирање и примена на „јазикот“ т.е. комуникацискиот систем на музеологијата. Проценување на квалитетот на односот меѓу посетителот и музејскиот предмет т.е. споменикот на културата. Запознавање со педагошките и андрагошки функции на музеологијата.
Содржина на предметната програма:
Културно наследство: дефиниција, поими и историјат. Културното наследство како носител на знаењето, на културните и на општествени вредности. Музеологија: музеи и музејски експонати. Педагошките и андрагошки аспекти музејските поставки. Комуникација меѓу музејскиот предмет и посетителот. Заштита на културно-историските споменици. Семиотички аспекти на музејската дејност и заштитата на културно-историските споменици.
Литература:
1. Н. Чаусидис, Музеологија, Филозофски факултет, 2012
2. Н. Чаусидис, Занаетчиски технологии и конзервација, Филозофски факултет, 2012
3. I. Marojević, Uvod u мuzeologiju, Zagreb: Zavod za informacijske studije, 1993
4. П. Вук-Павловиќ, Творештвото и музејската естетика, Скопје: Мета форум, 1994
5. Љ. Гавриловић, Култура у излогу: ка новој музеологији, Београд: САНУ, 2007
6. Ђ. Миљковић, Музејска делатност у Македонији, Прилеп: Корвин стоун; Скопје: Менора, 2007
7. Светското наследство во рацете на младите, Скопје: Министерство за култура на Република Македонија; Национална комисија на УНЕСКО, 2012