С611И/18: Политичка комуникација

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаVI2+14

Наставник: д–р Ило Трајковски, д–р Марија Дракуловска Чукалевска

Цели на предметната програма:

Курсот цели кон прикажување на политичката комуникација од политичко социолошки и комуниколошки аспект. Фокусот е врз улогата на модерните медиуми за масовна комуникација и, особено на социјалните медиуми во обликувањето и пренесувањето на политичките пораки, но ни врз конструирањето на самата политика преку дефинирањето на нејзините агенди, персонални решенија и други елементи на современите демократски политички процеси. Курсот, исто така, цели кон актуализирање на теориите за политичката комуникација настанати во развиените западни земји за анализа на спецификите на политичката комуникација кај нас.

Содржина на предметната програма:

Социолошката теорија и политичката комуникација. Методолошки пристапи Поимот политичка комуникација, политичката свест (култура и идеологија) и политичката комуникација. Политичката акција и политичката комуникација. Политичи дискурс. Политичката комуникација и јавото мнение. Системи/модели на политичка комуникација (формални и неформални). Системот на политичката комуникација во Република Македонија .Медиумите и политичката комуникација кај нас и во светот. Политичката комуникација во институциите на оптеството.Комуникациските техники на медиумите во однос на вниманието на јавноста. Политичката комуникација и граѓанското општество. Медиумите и политичкиот маркетинг, менаџмент, лобирање, реклами. Медијализацијата на политиката. Социјалните мрежи како канал за трансмитирање на пораки, слогани на политичките субјекти. Развојот на медиумите и промените во структурата на политичката комуникација. Ефектите од политичката комуникација во однос на општеството во тоталитет. Односот на политичката комуникација и социјалните медиуми и нивниот ефект врз ставовите и однесувањето на публиката.

Литература:

1. Лилекер, Дарен Ј., Клучни концепти во политичката комуникација, Академски печат, 2008

2. Канев, Донев, Политички менаџмент, Фондација Фридрих Еберт, 2014