Институт за социологија

д–р Ило Трајковски

Редовен професор

Проф. д–р Ило Трајковски е роден 1960 година во Рапеш, Битола. Дипломирал (1983) и магистрирал (1991) на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Од јанураи 1985 работи на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за социологија. Со звањето доктор на социолошки науки се стекнал во 1995 година со одбрана на докторската дисертација „Метасоциологијата на современите теории за граѓанското општество” на Филозофскиот факулетет во Скопје, УКИМ. Во звањето доцент е избрана во декември 1996 година, а во звањето вонреден професор избран е во 2001 година. Од декември 2005 година е редовен професор при Инститот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во функција на магистерските и докторските студии престојувал на повеќе универзитети во странство (САД, Србија, Австрија, Полска, Британија).

Како визитинг професор и истражувач остварил студиски престои во социолошки институции во САД (Државниот универзитет на Аризона во Темпи и Новата школа за социјални истражувања во Њујорк), Велика Британија (Лондонската школа за економија и политички науки), Бугарија (Универзитетот Св. Климент Охридски), Полска (Јегелонскиот универзитет), Франција (Универзитетот во Стразбург).

Во своите понови истражувања и во наставата ја докажува потребата и основите на содружничката реконструкција на современото општество и на социолошкото мислење. Во теориските и емпириските истражувања се води од претпоставката дека современото општество, како централна тема на социолошката анализа, минува низ фундаментални преобразби под влијание на глобализацијата. На една страна, го надминуваат моќни надопштествени, а на друга го поткопуваат бројни подопштествени процеси, структури и чинители. Граѓанските содружништва, во локален и глобален контекст се една од тие нови социјални сили кои ги преобликуваат современите општества.

Публицистичките елаборации на оваа идеја ги остварува во областите на социологијата на политиката и политичкиот систем, социологијата на граѓанственоста и човековите права и современата социолошка теорија.

Раководел и учествувал во повеќе домашни и странски научно истражувачки проекти („Граѓанските здруженија во Македонија” раководител, финансиран од ОСИ-Македонија; “Knowledge and Opinion about the Low among Citizens of Serbia and Macedonia”, National Project coordinator, IRSS; „Образование за граѓанско општество – акционен проект” финансиран od CCE, USA; “Stocktaking Research on Education for Democratic Citizenship and Managing of Diversity in SEE”, National consultant. Council of Europe; “Group interests and civil society in two cities in Macedonia and Bulgaria”, Comparative research, granted by HESP); European values study и други).

Бил научен консултант на повеќе апликативни проекти (USAID: Democracy and Governance in Macedonia; World Bank: projects on Poverty Reduction Strategy; Rapid Social Assessment of the Water Supply System in Skopje; UNDP: project on Social Sector and HIV/AIDS in Macedonia: Situation Analysis; 2003: CEPS; Lubljana, Quality Assurance in Education; 2003: Development Associates/USAID: Civil Society Sector in Macedonia; 2004: World Bank and Ministry of Finances, Community development project: Social needs Assessment, project coordinator; 2004: UNDP and Ministry of Local Self-Government, Socio-Economic Disparities among Macedonian Municipalities, member of the research team; 2007: European Values Survey, National Project Director).

Член на домашни и интернационални здруженија на социолози (на РМ, Европската асоцијација, Интернационалната асоцијација и Американската социолошка асоцијација).

Од светските јазици зборува и објавува на англиски и француски јазик; аматерски се занимава со шах, џогинг и е љубител на народната музика.

Проф. д–р Ило Трајковски изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [СО101З/18] Современи теми од социологијата и социолошките теории

  • 2

    [СО213И/18] Политиката во современото општество

  • 3

    [СО214И/18] Граѓанското содружништво и развојот

  • 4

    [ФСО221И/18] Корупцијата, капиализмот и демократијата

На третиот циклус студии:
  • 1

    [СОЦ7] Политичката моќ денес: глобализацијата и европската интеграцијата

  • 2

    [СОЦ22] Граѓанското содружништво и развојот



Библиографија

Политичка социологија 1 Филозофски факултет, Скопје, 2019,

Политичка социологија 2 Филозофски факултет, Скопје, 2019

Глобализирањето, индивидуалноста и општеството, Филозофски факултет, 2006

Политика на човековите права: I дел основни поими, Скопје: Филозофски факултет, 2005

Социолошка критика на безнадежноста – збирка колумни 2004-2005, Скопје, Матица, 2005

Знаењето и општеството, Скопје, Филозофски факултет, 2004

Социологијата што е и како се практикува, Скопје, Матица, 2000

Граѓанското образование во Македонија, Скопје Филозофски Факултет, 1998 (уредник и коавтор),

Граѓанско содружништво, Битола: Гоцмар, 1997

Книги, коавтор:

2016: The Impact of the ECHR on Democratic Change in Central and Eastern Europe: Judicial Perspectives, Cambridge University Press (eds.). Motoc Iulia and Ineta Ziemele, (chapter Lazarova Trajkovska Mirjana and Ilo Trajkovski “The impact of the European Convention on Human Rights and the case law on the Republic of Macedonia:” pp. pp. 266 – 288)

2014: Dictionaire des inégalités, Sus la direction de Alan Bihr et Roland Pfefferkorn, Armand Colin (l’entrée « Citoyenneté » pp : 73-74)

2013: Civic and Uncivic Values in Macedonia: Value Transformation, Education, and Media, eds. Sabrina P. Ramet, Ola Listhaug, and Albert Simkus, Palgrave (chapter “The Development of Civil Society in the Republic of Macedonia: modeling the State – Civil Society relations” pp. 155-172).

Автор е на бројни статии во домашни и странски списанија.

Остварил забележителна преведувачка активност на социолошка литература од англиски на македонски јазик (Runaway World, од Anthony Giddens; заедно со Васил Плушковски, Dictionary of Sociology од Gordon Marshal, La notion de societé civile од Gautier Pirotte и други).