ГФ806И/18: Француска книжевност 6

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностVIII2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Способност за анализа на најзначајните театарски остварувања на 20 век и нивно согледување во услови на раѓање и развој на современиот театар. Способност за иницијација во методите на читање и техниките на експликација на текст (симболистички театар, митот во театарот, театарот на апсурдот). Развој на интелектуална автономија и способност за истражувачка работа.

Содржина на предметната програма:

Француски театар на 20 век. Еволуција на театарскиот жанр и воведување на авангардните принципи на Новиот театар: гротескниот театар на Жари. Симболистичкиот театар на Пол Клодел. Францускиот театар меѓу двете светски војни: театарот со античка инспирација на Жироду и Ануј. Филозофско-егзистенцијалистички театар: Сартр, Ками. Новиот Театар или театарот на апсурдот: Бекет, Јонеско, Жене.

Литература:

1. Roubine, Jean-Jacques, Introduction aux grandes théories du theater, Paris, Dunod 1998

2. Lioure Michel, Lire le Théâtre moderne. De Claudel à Ionesco, Paris, Dunod 1998

3. Mignon Paul-Louis, Panorama du théâtre au XXe siècle, Paris, Gallimard 1978

4. Lagarde, A. & Michard, L., ХХe siècle, Paris, Bordas 2003

5. Brunel, P., Moatti, Ch. et al., Littérature XXe siècle – Teхtes et documents. Coll. Henri Mittérand, Paris, Nathan 1991

6. Deshoulieres, Christophe, Le théâtre au ХХe siècle en toutes letters, Paris, Bordas 1989