Г101З/18 : Старогрчки јазик (почетен курс)

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Грчки јазик и античка книжевностI3+36

Наставник: д–р Валериј Софрониевски

Цели на предметната програма:

Да се воведат во старогрчкиот јазик студентите кои немаат претходни познавања од овој јазик, за да се обезбедат основни знаења од граматиката, од читањето и од пишувањето на старогрчки јазик.

Содржина на предметната програма:

Овој курс претставува увод во јазикот и културата на старите Грци. Со напредувањето низ учебните степени, студентите постепено ја учат лексиката, морфологијата и синтаксата на јазикот. Лекциите се приспособени од различни изворни старогрчки дела, а донесуваат широк преглед на животот во Атина од почетокот на Пелопонеските војни во 431 пр. Хр., па сè до крајот на петтиот век пр. Хр. и подоцна. Одбраните текстови ги објаснуваат и елаборираат основните одлики на класичната атинска култура.

Литература:

1. JACT, Читање грчки граматика, речник, вежби Скопје: ТРИ 2009

2. JACT Читање грчки текст Скопје: ТРИ 2009

3. Шијачки-Маневић, Б., Граматика грчког језика Београд: ΠΛΑΤΩ 2001

4. JACT The World of Athens Cambridge University Press 2008

5. Валериј Софрониевски Морфологија на старогрчкиот јазик Скопје: ФзФ, 2013