БОМ301З/18: Национална безбедност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | III | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Митко Котовчевски
Цели на предметната програма:
Стекнување на солиден квантум на научни знаења и сознанија за националната безбедност, успешно детектирање на сите закани на националната безбедност (со посебен акцент на сите облици на загрозувања на националната безбедност на Р. Македонија). Паралелна цел ќе претставува изградба на високи стандарди за професионален однос кон сферата на националната безбедност, како и изградба на безбедносна свест и култура за успешна заштита на сите витални опшествени вредности.
Содржина на предметната програма:
Теорија за безбедноста, Безбедноста како атрибут и функција на државата, Различни сфаќања на поимот безбедност; Основни концепти и видови на безбедноста со посебен акцент на националната безбедност; Поим и суштина на националната безбедност. Безбедносна политика, безбедносна анализа и безбедносна проценка; Компоненти на системот за национална безбедност, Системи за националната безбедност на современите држави; Проекција на моделот на системот за национална безбедност на Р. Македонија; Организациона поставеност на новиот модел на системот за национална безбедност на Р. Македонија – 2011 година, Витални опшествени вредности и нивна заштита; Извори на загрозување на националната безбедност (внатрешни, надворешни и глобални) закани. Компоненти на системот за национална безбедност. Структура на системот за национална безбедност. Загрозување и заштита на вителните општествени вредности.
Литература:
1. Митко Котовчевски, Национална безбедност, Филозофски факултет, 2011
2. Митко Котовчевски, Разузнавачко-безбедносни заедници на државите во Југоисточна Европа, Филозофски факултет, 2007