О706И/18: Кризи и кризна дипломатија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVII3+16

Наставник: д–р Марина Митревска

Цели на предметната програма:

Преглед на базичните концепти и прашања за криза и кризена дипломатија. Преку разбирање на теориската рамка и примената на овој вид дипломатија, студентите треба да се оспособат да ги анализираат и да дискутираат во врска со улогата на дипломатијата во услови на криза како и улогата на дипломатската акција во таква ситуација.

Содржина на предметната програма:

1. Поимно определување на кризата, кризи и нивна распространетост, учесници во кризите и одлуки (механизми и процедури) за преземени дејствија.

2. Поимно определување на кризна дипломатија, генеза на кризната дипломатија.

3. Видови дипломатија и методи на дипломатско делување во услови на криза: преговори, медијација и специјални представници, улогата на разрешувачите на кризата и релација со посредниците.

4. Инволвираност на дипломатот во кризата: директна или индиректна, за постигнување на компромис, предуслови и општ интерес.

5. Умешност на преговарањето, техники во посредувањето, односи со јавноста. Постигнување договор : временска рамка и специфичен контекст).

6. Шатл дипломатија и регионални конфликти (подвижност и комуникација, употреба и ограничување.

Литература:

1. Марина Митревска, Кризен менаџмент, Филозофски факултет, 2015.

2. Марина Митревска, Превентивна дипломатија и мировни операции, Филозофски факултет, Скопје, 2015.