БОМ204З/18: Воено политички групации и глобализацијата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Горан Зенделовски
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за потребата и важноста на формирањето на воено политичките групации како соодветен одговор на безбедностните предизвици и ризици и тоа со посебен акцент и конкретна анализа на периодот на глобализацијата.
Содржина на предметната програма:
Содржина на предметната програма: Краток историски приказ и важноста на сознанието за потребата од воено политичко групирање во периодот непосредно и за време на големите вооружени конфликти. Алијансите-Сојузите, како најстари облици на воено и политичко групирање и безбедносна соработка. Промените во рамките на воено-политичките групации во периодот по завршувањето на големите конфликти. Колективната безбедност како модел за воено и политичко групирање и безбедносна соработка на планетарниот простор. Безбедносните заедници како модел на групирање во повеќе димензии.Обликување на новата конфликтна средина и нејзиното влијание врз промените на военото, политичкото и друго групирање на народите и државите по завршувањето на Студената војна. Рефлексиите на глобализацијата врз военото, политичкото и друго групирање на народите и државите во современиот свет. Потребата и интересот на Република Македонија за интеграција со позначајните воено политички групации во Меѓународната заедница.
Литература:
1. Јан Арт Шолте, Глобализација, Академски печат, 2008, стр.78-158 и 337-413
2. An IISS strategic dossier, European Military Capabilities, IISS, 2008, p. 22-79
3. Alyson J. K. Bailles and Andrew Cottey, Regional security cooperation in the early 21st century, Oxford University Press, 2006, p.195-221
4. Синиша Даскаловски, „Рефлексиите на глобализацијата врз конвенционалните сили на северноатланската алијанса“, стр. 309-319 и „Создавање на нови воени сили како одговор на новите закани“, Годишен зборник 60, стр. 693-707, Министерство за одбрана на РМ и Филозофски Факултет, 2008
5. Haftendorn, H., Keohane, R. O. and Wallander, C. A., Imperfect Unions: Security Institutions over Time and Space, Oxford University Press, 1999
6. Прирачник за НАТО, Office of Information and Press, NATO, 2001, 369-403