Д307И/18: Детска и младинска психопатологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | III | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Марија Ралева
Цели на предметната програма:
Да се стекнат теоретски и практични знаења од областа на развојната психопатологија, развојните патишта, влијание на срединските и биолошките факотри на развојот, препознавање, дијагноза и специјално-педагошки пристап во однос на карактеристичните психопатолошки растројства кај децата и младите.
Содржина на предметната програма:
Основни принципи на развојно психопатолошкиот пристап во дијагностика и третман на развојните проблеми, Теории на развојот; развојни и нормативни кризи, Феноменолошки аспекти на растројствата во развојниот период според МКБ-10 класификацијата во компарација со ДСМ-4 класификацијата; емоционални и бихејвиорални проблеми на менталната ретардација; дисгностичко-диспраксични нарушувања, первазивни растројства; психотични и афективни растројства во развојниот период; развојни дисхармонии, растројства во исхрната и спиењето; растројства во однесувањето и емоциите; реакции на тежок стрес и траума во развојниот период, последици од злоупотреба и запоставување на децата, психотераписки, социотераписки и реедукативен пристап во третманот на развојните нарушувања
Литература:
1. Бенџамин Садок и Вирџинија Садок (ур.), Сеопфатен учебник по психијатрија, одбрани поглавја, Табернакул, 2012
2. Марија Ралева, Адолесценција, криза, семејство, Магор: Скопје, 2006
3. Д-р Роберт Клигман, д-р Ричард Берман, д-р Хал Џенсон, д-р Бонита Стантон, Нелсонов учебник по педијатрија, дел III, Психолошки нарушувања, Табернакул 2013
4. Деушић-Поповић, С., Поремећаји менталног здравља деце и омладине ИМЗ, Београд, 2000