
Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023
ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
I. ВАЖНО: Кандидатите задолжително треба да ја пополнат електронската апликација на следниот линк:
- Електронското пријавување и електронското поднесување/испраќање на документите ќе се врши најдоцна до 31.8.2022 година до 15 часот.
- Потребните документи скенирани се прикачуваат кон својата пријава во iKnow системот (www.upisi.ukim.mk), како и на електронската адреса: upisi-fzf@ukim.edu.mk
II. Потребни документи
Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски.
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- Пријава за запишување (образец А1)
- Електронска пријава (од iKnow-системот)
- Оригинални свидетелства од сите класови
- Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- Извод од матичната книга на родените (оригинал без разлика на датумот на издавање)
- Доказ за државјанство на РСМ – уверение или решение (оригинал без разлика на датумот на издавање)
- Потврда за уплатa и тоа:
– За административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
– За уплатени 300,оо денари (на жиро-сметка на факултетот: Назив на примачот: Буџет на РМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723013,програма: 41, на уплатница ПП 50);
8. Изјава за неподигање на документите (од iKnow-системот)
9. Изјава за национална припадност (од iKnow-системот)
10. Изјава за согласност за лични податоци (од iKnow-системот)
11. Изјава за веродостојност и точност на поднесените скенирани документи (од iKnow-системот)
12. Изјава за неконкурирање на друг универзитет (од iKnow-системот)
III. Кандидатите кои конкурираат за вонредно студирање ги поднесуваат, покрај документите од точка II. и следните документи:
- Образец М1/М2 нотарски заверен, или
- Лекарско уверение издадено од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
IV. Кандидатите кои конкурират за упис без партиципација, покрај документите од точка II., а во зависност од категоријата на која и припаѓаат треба да достават и:
- Соодветна документација за:
– Припадници на безбедносните сили, деца на загинат или починат ПБС и деца на воен инвалид од I до VII група (види конкурс)
- Соодветна документација за:
– Лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители, најмногу до 26 годишна возраст, доколку се невработени (се докажува од надлежниот центар за социјална работа и Потврда за евидентирано невработено лице)
– Лица со инвалидност, согласно Уредбата која ја донесува Владата (се докажува со Наод и мислење на службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и со Решение од Центарот за социјална работа за видот и степенот за попреченоста)
– Родител на дете до 6 годишна возраст, доколку е невработен (се докажува со извод од матична книга на детето и Потврда за евидентирано невработено лице)
– Воени инвалиди (се докажува со Решение за Министерството за труд и социјална политика – Управа за прашања на борците и воените инвалиди)
– Лице растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколу се невработени (Потврда од дом и Потврда за евидентирано невработено лице
Напомена: Задолжително е кандидатите да направат преписи од сведителствата и дипломата за завршено средно образование заверени кај нотар за свои потреби
КОНКУРСНА КОМИСИЈА НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ