
Покана за известување на Панел дебата на тема „Општествените промени по Украина“, ЧЕТВРТОК 14. VII 2022 г. во 10 ч, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Преку одржување на форумот имаме за цел потикнување на јавна дебата како и да дадеме придонес кон надминување на предизвиците со кои ќе се соочува македонското општество и светот како импликација на војната во Украина.
Теми за дискусија на панел дебатата е: Какви импликации има војната во Украина врз безбедноста и одбраната? Како војната во Украина го смени светот? Како војната во Украина може да ја смени историјата? Како војната во Украина изврши социо-демографски промени? Какво влијание војната во Украина имаше врз економската безбедност? Како војната во Украина влијаеше врз психологијата на комуникации? Како лажните вести ја убиваат вистината за војната?
Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место каде на едно место државни и меѓународни претставници, професори и истакнати општествени чинители треба да дебатираа на темата „Општествените промени по Украина“. Ова е најважната тема која за жал ќе ја водиме во една светска криза наметната преку војната во Украина. Општествениот придонес на серијата дебати „Академски видик“ е во неговиот концепт да даде придонес кон помагање во решавањето на некои општествени проблеми или процеси.
Настанот може да се следи на ФБ страницата на факултетот и на следниот ZOOM линк:
https://us06web.zoom.us/j/83047676644?pwd=SlRmMWd6UlVLbDRLdGFKalJPaWxnUT09
Скопје, 13. VII 2022 г.
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ
