%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b8

Повик за учесници на Школа за политики при Претседателски центар за политичко образование

Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве известиме дека Претседателскиот центар за политичко образование објави повик за учесници на Школата за политики за 2022 година. 
Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование ќе биде организирана во духот на демократските политички вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. Во таа насока, Школата ќе настојува да ги поврзе учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството, во рамки на пет едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. Школата ќе се одржи во периодот од март до ноември 2022 година, за време на викендите. Присуството на сите пет едукативни семинари е задолжително. Учесниците кои ќе ја завршат Школата ќе се стекнат со сертификат.
Целосната апликација треба да се испрати најдоцна до 22 февруари 2022 година на l.matevska@president.mk.
Повеќе информации за повикот за Школата за политики, вклучувајќи ги условите за учество и потребните документи за апликација можете да најдете на следниот линк

Често-поставувани-прашања

Често-поставувани-прашања-ALB

Пријава-за-учество-на-Школата-за-политики

Пријава-за-учество-на-Школата-за-политики-ALB

Повик за Школа за политики 2022 год.

Повик за Школа за политики 2022 год. ALB

FAQ

EN Call for Participants for the School of Policies

EN Application for School of Policies