
Драги матуранти,
Филозофскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 19 август 2021 година во период од 12 до 14 часот ќе организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи електронски преку платформата Микрософт Тимс (Microsoft Teams).
На отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетот, режимот на студирање, факултетски активности за студентите и можност да се запознаете одблиску со дел од наставниот кадар, и истовремено ќе биде и можност заеднички да се продискутира за сѐ што е во интерес на студентите и за студиските програми, да ги слушнете искуствата на веќе запишаните студенти, тековните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности…
Студирањето на Филозофскиот факултет во Скопје значи да се студира на најстариот факултет во нашата држава со повеќе од 100 годишна традиција!
Отворениот ден на Филозофскиот факултет можете да го следите на следниов линк:
Со почит,