Меѓународна недела на Филозофскиот факултет


Почнувајќи од учебната 2018/19 година, Филозофскиот факултетот започна со организирање на меѓународна недела, која претставува петдневен меѓународен интердисициплинарен форум, на кој преку предавања, промоции и дискусии се одбележуваат активностите и соработките кои Филозофскиот факултет ги остварува на меѓународен план. Идејата за меѓународната недела потекнува од потребата да им се овозможи на студентите поширока платформа за стекнување знаења и размена на мислења со професори и колеги од партнерски универзитети од Европа и светот. Предавањата, промоциите и дискусиите со еминентни професори и предавачи, кои се на англиски јазик, имаат за цел да ги мотивираат студентите за пресретнување на големите општествени прашања преку соработка низ различни научни дисциплини, јазици и граници. Предавањата и дискусиите се наменети за студентите од сите три циклуси на студии, а предавачите говорат на теми од научните дисциплини кои се изучуваат на Филозофскиот факултет. Посебен фокус во рамки на овој настан е промоцијата на меѓународните проекти кои Филозофскиот факултет ги спроведува, а во чија промоција учествуваат и партнерските универзитети од Европа. Втората меѓународна недела резултираше и со објавување книга на апстракти, со што се остави и потраен белег од клучните аспекти на излагањата на сите предавачи на настанот.

6. Меѓународна недела (2024) – Агенда

5. Меѓународна недела (2023) – Агенда

4. Меѓународна недела (2022) – Агенда

3. Меѓународна недела (2021) – Агенда

2. Меѓународна недела (2020) – Книга на апстракти

2. Меѓународна недела (2020) – Агенда

1. Меѓународна недела (2019) – Агенда