
К О Н К У Р С
за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на
Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2020/2021година
Потребни документи за пријавување на кандидатите на Конкурсот за запишување
на студенти на втор циклус студии во првиот уписен рок за учебната 2020/2021 на
Филозофскиот факултет во Скопје
Кандидатите прво треба да се регистрираат на www.upisi.ukim.mk и да ја пополнат
електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското
пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за
запишување.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска
пошта (e-mail) upisi-fzf@ukim.edu.mk
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што
автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (воAttach File) скенирани следниве
документи:
- Пријавен лист за запишување;
- Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
- Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
- Куса биографија (CV);
- Потврда за активно познавање странски јазик;
- Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакцискасметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
- Препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите
- имаат);
- Документи за евентуални награди, признанија и други документи.
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
- индекс и пријавни листови
- две фотографии (3,5х4,5)
- како и сите оригинални документи претходно испратени на нашата електронска
- адреса ( upisi-fzf@ukim.edu.mk ) при пријавувањето