%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b8%d1%88%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d0%b4%d0%b0%d0%b3%d0%be%d1%88%d0%ba%d0%be-%d0%bf%d1%81

Врз основа на член 5 од Правилникот за начинот и условите за студирање на студиската програма за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка  на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет Скопје донесен на 7. редовна седница на Наставно научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје, одржана на 30.05.2014, Решението за акредитација и Решението за утврдување на висина на трошоци донесени од Министерството за образование и наука, се објавува

К О Н К У Р С 

за запишување на педагошко-психолошка и методска подготовка  на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

ПОЧИТУВАНИ КАНДИДАТИ,

            Во периодот од 10.02.2021 до 18.02.2021 година можете да аплицирате за упис на педагошко-психолошка и методска подготовка. На педагошко-психолошка и методска подготовка можат да се запишат кандидати кои завршиле соодветни академски студии од прв циклус или VII/1 степен (додипломски) студии на ненаставнички факултети, односно студии (студиски програми) кои немаат наставна насока. Кандидатите треба да ги поднесат документите во горенаведениот рок во Одделението за студентски прашања на Филозофскиот факултет од 11 до 15 часот.

               Кандидатите треба да ги поднесат документите од 10.02.2021 до 18.02.2021 година.

Потребни документи за конкурирање:

  • Образец за запишување семестар;
  • Доказ за уплатени 50 денари за административна такса;
  • Уверение за дипломирање (фотокопија заверена на нотар);
  • Извод од матична книга на родени (во оргинал);
  • Уверение за државјанство на РСМ (во оргинал).

Уписот на примените кандидати ќе се изврши во период од 1.03.2021 до 5.03.2021 година  и потребно е да доставите:

  • Индекс и две фотографии;
  • Уплата од 250 евра во денарска противвредност на образец ПП50 на следната жиро сметка на Филозофски факултет: Назив на примачот: Буџет на РСМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18, Приходна шифра: 723119, програма: 41

Приемот на запишаните кандидати и доделувањето на индекси ќе биде на 09.03.2021 година во 16:00 часот Амфитеатар III (Голем Амфитеатар) на Факултет.

Поблиски информации за уписот можете да добите на телефон: 3116-520, лок. 259  ина e-mail: svetlanas@fzf.ukim.edu.mk, а информации за студиските и предметни програми, кандидатите можат да добијат во Библиотеката за педагогија на Филозофскиот факултет, на телефон: 3116-520 лок. 215 ина e-mail: tatjanad@fzf.ukim.edu.mk.

                                                                                                                                                                                                                                                                                                             од Филозофскиот факултет Скопје