%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d1%81%d0%ba

Врз основа на член 99 од Статутот на Филозофскиот факултет-Скопје (Универзитетски гласник бр. 463, 18 октомври 2019), Претседателот на Факултетското студентско собрание на Филозофскиот факултет-Скопје објавува

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ЗАМЕНИК-СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА

ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ

  1. Се објавува Конкурс за избор на заменик-студентски правобранител на Филозофскиот факултет Скопје од редот на студентите од Факултетот, со мандат од две години, без можност за реизбор.
  2. Заменик-студентскиот правобранител на Филозофскиот факултет Скопје потребно е да ги исполнува следните услови:
    – Заменик-студентски правобранител на Филозофскиот факултет Скопје може
    – да биде лице кое е студент на прв, втор или трет циклус на студии на факултетот.
  3. Кандидатите ги приложуваат следните документи за докажување на исполнувањето на условите:
    1) Пријава во која задолжително наведуваат лични податоци и податоци за контакт,
    2) Потврда од Одделението за студентски прашања дека е студент на прв, втор или трет циклус на студии.
    Со поднесување на пријавата кандидатите под материјална и кривична одговорност гарантираат дека податоците во пријавата се точни.
  4. Рокот за поднесување на пријавата заедно со доказите трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување на web-страната и огласната табла на Филозофскиот факултет во Скопје, односно до 21.12.2020 година.
  5. Заинтересираните кандидати поднесуваат пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку Архивата на Филозофскиот факултет во Скопје во предвидениот рок за пријавување во работните денови до 14:00 часот.
    Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој конкурс.

Претседател на Факултетското
студентско собрание на Филозофскиот факултет

Димитар Коруноски