
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023
ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
I. ВАЖНО: Кандидатите задолжително треба да ја пополнат електронската апликација на следниот линк:
- Електронското пријавување и електронското поднесување/испраќање на документите ќе се врши најдоцна до 27.9.2022 година до 15 часот.
- Потребните документи скенирани се прикачуваат кон својата пријава во iKnow системот (www.upisi.ukim.mk), како и на електронската адреса: upisi-fzf@ukim.edu.mk
II. Потребни документи
Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски.
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- Пријава за запишување (образец А1)
- Електронска пријава (од iKnow-системот)
- Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
- Куса биографија (CV);
- Потврда за признавање на странски јазик;
- Извод од матичната книга на родените (оригинал без разлика на датумот на издавање)
- Доказ за државјанство на РСМ – уверение или решение (оригинал без разлика на датумот на издавање)
- Потврда за уплатa и тоа:
– За административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
9. Препораки од наставни или научни работници (доколку има такви)
10. Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат)
11. Документи за евентуални награди признанија и други документи.
Напомена: Задолжително е кандидатите да направат преписи од сведителствата и дипломата за завршено средно образование заверени кај нотар за свои потреби
КОНКУРСНА КОМИСИЈА НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ