%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%82-%d1%86%d0%b8%d0%ba%d0%bb%d1%83%d1%81-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d0%b8

Почитувани,

Ве информираме дека со Одлука донесена на 252. седница на Ректорска Управа, одржана на 22.09.2020 година, направена е измена на рокот за пријавување на кандидатите за запишување на трет циклус студии.

Известувањето со следната содржина е објавено на веб страната на УКИМ, ( линк: http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8):

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Со Одлука на Ректорска Управа бр. 02-756/4 од 22.09.2020 год. се  продолжува рокот за пријавување и запишување на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тој се продолжува до 15.10.2020 година.

Измената на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во Глава V. Рокови за пријавување и запишување на кандидатите со табеларниот преглед, дополнително ќе биде објавена.