%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd

Известување за остварување на право на субвенциониран студентски оброк

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Министерството за образование на РСМ ќе објави Јавен повик за пријавување за субвенциониран студентски оброк за редовните студенти запишани на прв циклус (додипломски) студии на Филозофскиот факултет. Истите можат да станат корисници на субвенциониран студентски оброк под условите определени со Законот за субвенциониран студентски оброк.

Рокот за пријавување по јавниот повик за редовните студенти на прв циклус студии со  запишан летен семестар во учебната 2020/21 година ќе биде од 1 до 31 август 2021 година.

Во октомврискиот рок (од 1-ви до 31-ви октомври) право на пријавување ќе имаат новозапишаните студенти во прва година во учебната 2021/22, како и студентите кои не го запишале летниот семестар во учебната 2020/21, а ќе го запишат зимскиот семестар во учебната 2021/22 година.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк ќе се врши по објавен Јавен повик на web страната на Министерство за образование и наука, по електронски пат.

За условите и начинот на пријавувањето дополнително ќе Ве известиме преку Iknow системот и веб страната на факултетот.

Со почит,