Пребарување на електронскиот каталог на библиотечната граѓа на Филозофскиот факултет
(е-библиотека)
Филозофскиот факултет располага со 12 специјализирани библиотеки, на следините институти: Педагогија, Филозофија, Историја, Класични студии, Историја на уметноста и археологија, Социологија, Психологија, Безбедност, одбрана и мир, Социјална работа и социјална политика, Специјална едукација и рехабилитација, Родови студии и Семејни студии.
Заклучно со Септември 2020 година, вкупниот библиотечен материјал на Филозофскиот факултет според инвентарните книги во библиотеките на Факултетот изнесува: 62.676 наслови на книги, односно вкупно 134.389 примероци, како и 15.311 наслови на списанија односно вкупно 43.910 примероци.
Почнувајќи од учебната 2018/2019 година, покрај користењето на библиотечната граѓа при Филозофскиот Факултет, студентите можат бесплатно да ја користат и граѓата при НУБ „Св. Климент Охридски“во Скопје (при уписот на студентите им се доделуваат студентски членски легитимации за неограничено користење на библиотечниот материјал при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје).
Со оглед на потребата од обработка на библиотечен материјал и негово внесување во cobiss.mk, Филозофскиот факултет во Скопје склучи договор со НУБ „”Св. Климент Охридски“” од Скопје за полноправно членство во cobiss.mk од 21.11.2018 година. После успешно поминати обуки на дел од библиотекарите, Филозофскиот факултет е вклучен во локалната база на Кооперативниот библиографски систем и сервис (COBISS.MK), со што е овозможено превземање на библиографски записи од локалната база cobib.mk, креирање на локални бази на податоци (каталози) на библиотеките од Филозофскиот факултет со тенденција за проширување и превземање на записи од базите на податоци од националните библиотеки на: (Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Косово).
Внесувањето на библиотечниот материјал во електронскиот каталог е постојан и континуиран процес. Пребарувањето на досега внесената библиотечна граѓа може да се направи преку: https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/search?db=fzfsk
Основно пребарување
- Во прозорецот за пребарување Низа за пребарување внесувате еден или повеќе зборови.
- По потребa, го поставувате видот на граѓата; стандардно поставување е пребарување по сета граѓа.
- Со притискање на тастерот Enter или со кликнување врз копчето ПРЕБАРАЈ го активирате пребарувањето.
Пример:
- Во прозорецот за пребарување внесувате: андреевски небеска тимјановна
- од паѓачкото мени десно изабирате вид граѓа, на пр.: книги
Резултатите од пребарувањето се сортирани според значајноста. Најважните резултати се наоѓаат на врвот на списокот.
Ги прегледувате резултатите од пребарувањето; ако кликнете на избраниот резултат, ќе се прикаже записот со подетални податоци за граѓата.
Што треба да знаете за основното пребарување?
При основно пребарување, со користење на поимите за пребарување пребарувате по сите податоци, вклучително и по евентуалните резимеа. Тоа е најчесто користеното пребарување, кое се употребува, пред се, кога податоците не ви се во потполност познати (на пр. наслов, автор итн).
Ако употребите повеќе од еден поим за пребарување, пребарувачот ги бара сите поими за пребарување во ист запис.
Избор на поими за пребарување
При пребарување на информациите, од клучно значење е правилниот избор на поимите за пребарување. Ако поимите за пребарување не ви се доволно познати,започнете со внесување општи поими. Ако на пр. ве интересира кои зарази се пренесуваат од крлежи, а не го знаете точниот назив на заразата, внесувате:
Пример: зараза Еден поим за пребарување најчесто не е доволен за да најдете соодветен број адекватни резултати, па затоа внесувате:
Пример: зараза крлеж
Натамошното додавање поими го ограничува пребарувањето и честопати од списокот на резултати ги изостава и важните резултати. Затоа користете специфични (прецизни) поими за пребарување кои сте ги нашле при прегледување на најважните резултати.
Пример: Борелиоза менингоенцефалитис
Кај основното пребарување ќе добиете подобри резултати доколку наместо природниот јазик користите клучни зборови.
Пример: Барањето за пребарување зараза крлеж е подобро од болести кои се пренесуват од крлежи.
Големи и мали букви
При внес на барањето за пребарување можете да користите големи и мали букви, бидејќи тоа не влијае врз резултатот. Резултатите се исти ако пребарувате:
- блаже конески или
- Блаже Конески или
- БлАжЕ КоНеСкИ
Логички оператор “И”
Меѓу зборовите во барањето за пребарување стандардна е логичката операција И. Тоа значи дека резултатите од пребарувањето мора да ги содржат сите зборови од барањето за пребарување. Зборовите “и” и “and” во барањето за пребарување се третираат исто како и другите зборови кои се јавуваат во насловот, резимето или каде било во библиографскиот запис.
Кратење зборови
Зборовите ги кратите со знакот * кога на пр. сакате да ги опфатите сите облици на одреден збор (крлеж, крлежи, крлежите). Знакот заменува произволна низа знаци.
Пример: зараза крлеж* За кратење на поимите за пребарување можете да го користите и знакот % кој заменува точно еден знак. Во една низа може да има повеќе знаци %.
Пример: кап%р
Како резултат, покрај записите кои го содржат зборот капар, се добиваат и записите со автор со презиме Капор.
Одделните зборови можете да ги скратите со знаците * и % на почеток, во средина или на крај.