%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%83%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%84%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98

ВТОРА НАУЧНА СТУДЕНТСКА

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ФИЛОЗОФСКИОТ

ФАКУЛТЕТ И ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

ПОВИК ЗА ТРУДОВИ

Организатори:

Комисија за наука при Универзитетско студентско собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” – Скопје

Факултетско студентско собрание при Филозофскиот факултет – Скопје

Факултетско студентско собрание при Филолошкиот факултет

„Блаже Конески“ – Скопје

Со голема чест ве покануваме да земете учество на втората научна студентска конференција на

Филозофскиот факултет и Филолошкиот факултет

„Блаже Конески“

Ве повикуваме да испратите апстракти на тема:

Откривање или креирање на вистината: синоними или антоними?

Поттеми:

Теми поврзани со филологијата:

  • Книжевната vs историската и митолошката вистина; 
  • Вистината меѓу редови во книжевноста;
  • Вистината во книжевната метафора;
  • Јазикот – моќна алатка за откривање на вистината и/или невистината;
  • Јазикот – моќна алатка за создавање и/или уништување на вистината;
  • Пренесување на вистината од еден јазик на друг;
  • Етимологиите како откривачи или креатори на вистини;

Теми поврзани со науките на Филозофскиот факултет:

  • Филозофијата и потрагата по вистината;
  • Родовата (не)еднаквост и ЛГБТ заедницата помеѓу стереотипите и вистината;
  • Искривувањето на историската вистина;
  • Археологијата и историјата на уметноста како верни/веродостојни помошници за доаѓање до (историската) вистината;
  • Педагошките компетенции – патоказ до вистината;
  • Неуспешни општествени вистини;
  • Психологија на лагата;
  • Тероризмот помеѓу манипулацијата и вистината;
  • Семејните вистини;
  • Вистината за социјалните работници;
  • Целосна инклузија за децата со попреченост – апсурд или вистинска цел за дефектолозите?
  • Мил ми е Платон, но помила ми е вистината;
  • Религиските видувања за вистината;

Во предвид ќе бидат земени и трудови на други теми кои се во корелација со главната тема и останатите поттеми 

Конференцијата ќе се одржи на 13/14/15 октомври 2021 година во просториите на Филозофскиот факултет и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Цели на конференцијата:

Стремеж на конференцијата е да пробуди желба за научно-истражувачка работа кај студентите. Со оваа конференција сакаме да придонесеме во процесот на подготвување на идните научни кадри, кои во себе го имаат потенцијалот да станат предводници на научниот свет во македонското општество. Преку научните трудови и дискусии се обидуваме да развиеме критичко мислење кај студентите и еден целовит поглед за човекот и неговата улога во општествената заедница. Особено важно е студентите преку оваа конференција и преку своите трудови да почнат да градат една конструктивна визија и да носат заклучоци единствено преку длабоки и темелни анализи.

Со предложената тема ја реактуелизираме и истакнуваме примарната цел на наука – трагање по вистината. Модерното време со себе носи голем број на полувистини, искривени вистини или лаги, па затоа решивме да го загатнеме тоа вечно прашање: „Што е вистината и како да ја избереме во големиот океан на (не)вистини?“. Филозофскиот и Филолошкиот факултет имаат што да кажат на оваа тема, имајќи предвид дека тие се лулката на научната мисла. 

Датуми за испраќање на апстрактот и трудот:

  • Насловот и апстрактот (максимум до 300 збора) на изложувањата треба да бидат доставени на линкот: https://forms.gle/4X3RTVg2C517dd2d9;  најдоцна до 5 август 2021 година.
  • Известувањето за прифаќање на апстрактите ќе биде пратено најдоцна до 15 август 2021 година.
  • Учесниците треба да го достават целиот труд во рок од 30 дена по прифаќањето на апстрактот

Учесници:

Право на учество имаат сите студенти на сите три циклуси од сите универзитети во Р. С. Македонија. Студентите од прв циклус задолжително треба да имаат ментор – професор, додека за студентите од втор и трет циклус тоа не е задолжително. Трудот може да биде напишан од најмногу два автори.

Работни јазици:

Трудовите треба да бидат напишани и презентирани на македонски јазик. Апстрактот и клучните зборови треба да бидат преведени на англиски јазик.

Рецензија:

Пријавените трудови ќе бидат рецензирани од Научниот одбор на MEET – конференцијата. Секој труд откако ќе биде рецензиран ќе биде вратен кај авторот да ги примени забелешките, доколку ги има. Авторот нема да биде приморан да ги прифати и може да полемизира со рецензентите на соодветен начин, кој ќе биде објаснет во рецензентскиот документ. 

Зборник на трудови:                                                                                                           

Трудовите кои што ќе бидат изработени според објавеното упатство, навремено испратени и прифатени од страна на Научниот одбор, ќе бидат објавени во зборникот на трудови на конференцијата.

Сите насоки за пишување на научниот труд се изложени во упатството за пишување на научен труд.

Контакт: 

email – meet2konferencija@gmail.com

Instagram – @meet_conference 

Facebook – MEET conference