
Анкета за самоевалуација
Сите редовни студенти на прв циклус студии на Филозофскиот факултет кои слушале предмети во зимскиот семестар од учебната 2020/2021 година, треба задолжително да пополнат aнонимна електронска Анкета за квалитетот на наставата, поставена на https://anketi.fzf.ukim.edu.mk/ Студентите треба да пополнат анкета за секој од запишаните предмети во зимскиот семестар 2020/21.
За најава треба да се користи корисничкото име и лозинката од iKnow.
Пополнетите анкети се услов за заверка на летниот семестар 2020/21 година.
Филозофски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје