д–р Борче Костов

Редовен професор

Проф. д-р Борче Костов е роден на 20.10.1973 година во Скопје. Во учебната 1995/96 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за педагогија и добива диплома од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за најдобар студент на Филозофскиот факултет дипломиран во таа учебна година. Од 1.10.1997 година работи на Педагошкиот факултет во Штип како помлад асистент. На 27.11.2002 година при Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје го одбранил својот магистерски труд на тема: „Соработката на наставниците со родителите на децата со посебни потреби” и се стекнал со звањето магистер на педагошки науки. Наставно-научниот совет на Педагошкиот факултет „Гоце Делчев” од Штип го избира во звањето асистент на 10.07.2003. На 22.4.2008 година при Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје го одбранил својот докторски труд на тема: „Теориските проблеми во конципирањето и реализацијата на современото естетско воспитание” и се стекнал со звањето доктор на педагошки науки. Наставно-научниот совет на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип го избра во звањето доцент на 13.8.2008 година. Од 31.12.2012 година почнува да работи на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за педагогија. На 19.9.2014 година Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет го избра во звањето вонреден професор во научните области: теорија на воспитување, педагогија и социјална педагогија. На 5.6.2019 година Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет го избра во звањето редовен професор во научните области: теорија на воспитување, педагогија и социјална педагогија, а на 5.7.2019 година Универзитетскиот сенат носи одлука за потврдување на изборот во звањето редовен професор.

Во 2009 година бил избран за раководител на катедрата за педагогија и психологија на Факултетот за образовни науки во Штип, а во периодот од 2009-2012 година е и главен координатор во изработката на студиските програми по социјална педагогија за прв и втор циклус на студии на истиот факултет. Од 2015 година е главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје: International Journal for Education, Research and Training (IJERT). Активно учествувал и во советот на експерти за формирање на Центарот за интегративна биоетика на Филозофскиот факултет во Скопје, а веднаш по неговото формирање избран е и за секретар на овој Центар.

Го зборува англискиот и италијанскиот јазик.

Истражувачки интереси: теорија на воспитание, педагогија, социјалните аспекти на воспитанието и воспитанието на децата со посебни потреби.

Проф. д–р Борче костов изведува настава по предметите на првиот циклус студии:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [МО1033/18] Образовен систем и законодавство

  • 2

    [МО209И/18] Управување со промени во образованието

  • 3

    [ФМО110И/18; ПЕ204И/18] Современи теории на воспитанието

  • 4

    [ПЕ1033/18] Образовни реформи во Европската Унија

  • 5

    [ФПЕ110И/18] Воспитанието и општествените промени

  • 6

    [ПЕ222И/18] Социјално-педагошка работа со детски престапници

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ПЕД04] Европски модели на социјално-педагошка работа

  • 2

    [ПЕД19] Образованието и политиката

  • 3

    [ПЕД21] Педагошка превенција на нарушено однесување на децата и младите

  • 4

    [ПЕД25] Следење и вреднување на деца со посебни образовни потреби

  • 5

    [ПЕД26] Слободното време како современа педагошка категорија



Библиографија

Костов, Б. (2019). Теорија на воспитание, Скопје: Филозофски Факултет.

Kostov, B., Barakoska, A., Stojanovska, V. (2018). Activities and Forms of Cooperation between the teachers and the parents of the children with special needs from the special schools, Transformation Towards Sustainable and Resilient Society for Persons With Disabilities- conference proceedings, Skopje: Faculty of Philosophy.

Stojanovska, V., Barakoska, A., Kostov, B. (2018) The Professional Needs of the School Pedagogues for Improving the Quality of Work With the Students in the Primary Education, “Improving the quality of children and youth” – conference proceedings”, Tuzla: Udruženje za podršku i kreativni razvoj djece i mladih.

Antovska, A., Kostov, B. (2017). The Teacher as a Students’ Overload Factor, International Journal For Education, Research And Training (IJERT) Vol.3, Issue 1, Skopje: Facylty of Philosophy.

Antovska, A., Kostov, B. (2016) Teachers, Students and Extracurricular Activities in Primary Education, Internatonal Journal of Cognitve Research in Scence, Engneerng and Education,(IJCRSEE) Vol.4, Issue1: The Association for development of science, engineering and education.

Kostov, B., Antovska, A. (2016) Time Load Upon Students in Primary Education, Internatonal Journal of Cognitve Research in Scence, Engneerng and Education (IJCRSEE) Vol.4, Issue2: The Association for development of science, engineering and education.

Kostov, B. (2016)Aesthetic Education in the Modern Global Society, International Journal For Education, Research And Training (IJERT) Vol.2, Issue 1, Skopje: Facylty of Philosophy.

Barakoska, A., Kostov, B., (2014) The Discipline Ethics and Religion Possibility of Understanding One Another, International Conference on Educational Research and Social Sciences- Proceedings Book, Istanbul: YILDIZ.

Kostov, B.  (2013) “On beauty and the beautiful in aesthetic education”, International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE), Volume 1 Issue 1: The Association for development of science, engineering and education.

Костов, Б. (2013). „Естетско воспитание“, Скопје: Филозофски Факултет.

Kostov, B. (2013) “Contemporary dilemmas in esthetic education” International Scientific Sympoosium:Education between tradition and modernity- conference proceedings, Skopje: Faculty of Philosophy.

Костов, Б., Баракоска, А., Стојановска, В. (2012)  “Значај и улога педагога из уметничких струка у остваривању естетског васпитања у дечјем вртичу”, VII- Научни скуп, Васпитач у 21. Веку-Тематски зборник, Алексинац: Висока школа за васпитaче струковних студија.