- 02 3066 232
- Вторник 10:00-11:00, Среда 10:00-11:00
- marjan.gjurovski@fzf.ukim.edu.mk
- mar.gjurovski@gmail.com
д–р Марјан Ѓуровски
Д-р Марјан Ѓуровски со Одлука на Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје на 04.05.2022 година е избран за Вонреден професор за научните области Интегрална безбедност (шифра 51503) и Друго (шифра 51610), со што се потврдил изборот во наставно-научно звање вонреден професор согласно одлуката бр. 08-669/2 од 18.09.2019 година, донесена од Наставно-научниот совет на Факултетот за безбедност-Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Вон. проф. д-р Марјан Ѓуровски високото образование го завршил на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со просек од 9,19. Последипломски студии завршува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ со просек од 9,55 со што се здобива со научен степен магистер на политички науки. На Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ги завршил докторските студии со остварен просечен успех од 9,44 и по одбранета докторска дисертација на тема „Анализа на современите теориско концепциски пристапи во креирање на безбедносната политика на Република Македонија“ се стекнува со звањето Доктор по општествени науки од полињата на безбедност и одбрана-безбедност. Aктивно се служи со англиски јазик, српски јазик, бугарски јазик и хрватски јазик.
Во периодот од 30.09.2019 година до 05.06.2022 година ја извршувал должноста Проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. Пред тоа бил Продекан за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје избран од Наставно-научниот совет на Факултетот за безбедност-Скопје на 31.05.2017 година.
Пред изборот за Вонреден професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје, професионалниот академски ангажман д-р Марјан Ѓуровски го остварува на Факултетот за безбедност-Скопје при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, каде со одлука на Наставно-научниот совет согласно Законот за високо образование бил избран во наставно-научното звање Асистент, Доцент и Вонреден професор во наставно-научните области: Друго-Безбедносни науки (51610) и (Друго) Меѓународна безбедност и меѓународни односи (51610).
Наставно-образовна дејност
Во рамките на наставно-образовната дејност д-р Марјан Ѓуровски има реализирано настава во сите три циклуси студии.
На прв циклус бил носител на настава во рамките на предметите Безбедносни политики, Основи на безбедност, Безбедносни стратегии, Кризен менаџмент, Управување со кризи, Дипломатија и меѓународна безбедност, Современи теории и концепти за безбедност итн.
Во делот на наставата на втор циклус на студии д-р Марјан Ѓуровски имал настава по повеќе предмети и активно учествувал како втор или трет реализатор во други предмети на втор циклус на студии. Бил носител на предметни програми за следните предмети: Безбедносни стратегии и менаџмент, Асиметрични закани, Теориско-концепциски пристапи и политики во безбедноста, Безбедноста во национален и регионален безбедносен комплекс, Одбранбено-воени и вооружени системи и трансатлански односи, Секуритизација и десукиритизација, Креирање на јавни политики во безбедноста, Одбранбено-воени и вооружени системи и трансатлански односи. Д-р Ѓуровски реализирал настава и на трет циклус на студии по предметите Мултулатерални европски организации и Безбедност и меѓународно јавно право.
Научно-истражувачка дејност
Во рамките на научно-истражувачката дејност д-р Марјан Ѓуровски имал повеќе активности почнувајќи од остварено коменторство на докторска дисертација, до реализирање на повеќе менторства на магистерски трудови, а треба да се истекне дека бил раководител на неколку меѓународни проекти, како и на неколку национални научни проекти. Меѓу другото учествувал во проекти финансирани од програми и фондови на Европската Унија, НАТО и УНДП.
„Аналитика“ како институција за истражување на јавните политики и ‘тинк-тенк’ во Република Северна Македонија д-р Марјан Ѓуровски го вклучила како научен истражувач во проектот “Western Balkan Pulse for Police Integrity and Trust -POINTPULSE” (Пулс за полициски интегритет и доверба на Западен Балкан), финансиран од Европската Унија преку IPA Civil Society Facility Programme (Инструментот за претпристапна помош на програмата (CSF) EuropeAid/136-034/C/ACT/Multi во периодот 2016-2018 година.
Д-р Марјан Ѓуровски учествувал и во Проектот на Европската Унија „Заедно градење – мониторинг и јавно застапување“ кој бил насочен кон подобрување на положбата на мигрантите и бегалците во Србија и во Северна Македонија, а особено меѓу нив на жените и децата. Исто така треба да се нагласи учеството на д-р Марјан Ѓуровски во проектот поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со асоцијацијата „Атина“ и Здружението на правници на Република Македонија, со финансиска поддршка од Европската унија во периодот Ноември 2017-Декември 2018 година. Во рамки на проектот д-р Ѓуровски бил во студиска посета во месец Мај 2018 година во СР Германија каде посетил бројни академски и државни институции кои обработуваат теми од областа на миграцијата, интеграцијата и безбедноста.
Од меѓународните проекти можат да се наведат и проектите кои се реализирани: проектот „Lets Learn about NATO“, финансиран од Оделот на НАТО, а имплементиран од ГАУС Институтот во периодот Јуни-Декември 2020 година; „Democratic values and media freedom-DeMed values” Програма Еразмус + Клучна акција 1, Универзитет „Св.Климент Охридски„-Битола и Институт за јавни политики во Софија, Република Бугарија; проектот Intelligence Sector Reform Programme in North Macedonia (2018-2021), DCAF; проектот „PREVEX” Project funded by the EU Horizon 200 Research and Innovation Programme under grand adreement No 870724, Centre for Advanced Study-Sofia.
Покрај горе наведените меѓународни проекти, д-р Ѓуровски учествувал во работни тимови за подготовка и за реализација на повеќе национални проекти со поддршка на Факултетот за безбедност и тоа: проектот „Истражување на безбедносните ризици во Република Македонија (мапирање, етиологија, феноменологија и третман на безбедносни ризици); потоа проектот „Парламентарна контрола и надзор над безбедносниот систем во Република Македонија“; проектот „Регионалните безбедносни ризици и новите државни актери за време и по кризата од пандемијата Ковид-19“; проектот „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во кризна и сложена безбедносна состојба-менаџирање и справување со кризи“, како и проектот „Анализа на кризната состојба и справувањето со пожарите во Република Северна Македонија низ призма на функционалноста на системот за управување со кризи и заштита и спасување“.
Академското творештво на д-р Марјан Ѓуровски е големо. За тоа говорат објавените учебници, книги и монографии. Досега има објавено 4 (четири) универзитетски учебника од кои 2 (два) како автор и 2 (два) како коавтор и 8 (осум) монографии, како и повеќе научни и стручни трудови во земјата и во странство во меѓународни научни списанија. Објавените книги и научни и стручни трудови во меѓународни и во домашни списанија претставуваат значаен придонес во науката за безбедност и одбрана. Ваквиот творечки опус на активности го определуваат неговиот научен придонес во областа на безбедносните науки.
По неговиот избор за вонреден професор во 2019 година ги има напишано следните изданија: Основи на безбедност – концепциски безбедносни пристапи, како универзитетскиот учебник е издаден согласно универзитетската процедура од Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола и Фондацијата Конрад Аденауер во 2021 година. Потоа заедно со група автори ја имаат издадено книгата „Функционирањето на безбедносниот систем на РСМ во време на вонредна и кризна состојба-студија на случај“.
Во 2020 година е издадена монографијата „Безбедносни ризици и закани –третман, феноменологија и мапирање“, од проф. д-р Марјан Ѓуровски, проф. д-р Марјан Николовски и проф. д-р Саше Герасимоски. Оваа монографија е испечатена на македонски и на англиски јазик и е во издание на Факултет за безбедност-Скопје и на Фондација „Конрад Аденауер“. Исто така, треба да се потенцира дека во истата година од печат излезе и монографијата „Безбедноста и КОВИД-19:Политичко-безбедносен систем, регионални безбедносни предизвици, нови државни актери пред и за време на пандемијата“, во издание на Канцеларијата на Фондацијата Конард Аденауер во Скопје и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола и е коавторство на тројца универзитетски професори и експерти по безбедност, проф. Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност-Скопје, проф. Драган Ѓукановиќ од Факултетот за политички науки од Белград и проф. Татјана Дронзина од Филозофскиот факултет при Софискиот универзитет. Интересно е да се истакне дека д-р Ѓуровски има учествувано и во подготовката на Белата книга за приватното обезбедување во издание на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, 2020 год.
Претходно во 2019 година е издадена книгата „Вовед во безбедноста“, во коавторство на д-р Цане Мојаноски, д-р Марјан Ѓуровски и д-р Гојко Павловиќ како постојан учебник за предметoт „Современи теории и системи за безбедност“, а е во издание на Факултетот за безбедност-Скопје при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија.
Во 2017 година со одлука 02-2/97 од 21.12.2017 година на Деканатската управа на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, е испечатена книгата „Безбедносни политики и концепти“ чиј автор е д-р Марјан Ѓуровски.
Во 2018 година, со Одлука на Деканатската управа на Факултетот за безбедност – Скопје, број 02-447/2 oд 7.05.2018 година, согласно рецензиите објавени во Анекс на Билтенот на Универзитетот бр.440 од 12.04.2018 година е издадена како монографија, книгата Полицијата и јавноста“ (анализа на истражувачки резултати 2009 – 2017 година) од авторите проф.д-р Цане T. Мојаноски, проф.д-р Никола Дујовски и проф. д-р Марјан Ѓуровски. Исто така, во 2018 година со одлука 08-614/9 од 29.06.2018 година на Наставно-стручниот совет на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се објави книгата „Индекс на безбедност“ од проф. д-р Цане Мојаноски и д-р Марјан Ѓуровски како монографија, согласно рецензиите објавени во Билтенот на УКЛО – Битола бр.442 од 01.06.2018 година. Ова издание беше надополнето и во 2019 година е испечатена книгата „Индекс на безбедност 2“ како Монографија согласно рецензиите објавени во Билтенот на УКЛО – Битола бр.451 од 01.02.2019 година.
Монографијата „Безбедноста на домот преку приватното обезбедување и превенција на безбедносните ризици“ беше издадена во 2019 година, а автори на книгата се Марјан Ѓуровски, Александра Деаноска, Сања Керметчиева.
д-р Марјан Ѓуровски има објавено вкупно над 55 научни трудови, објавени во меѓународни списанија и меѓународни зборници од научни собири. Низ континуирани активности со учество во научни и стручни конференции и трибини во земјата и во странство, советувања, семинари и проекти, д-р Ѓуровски е фокусиран на фундирани истражувања во областа на безбедносните науки.
Од листата за учество на домашни и на странски стручни собири, може да се заклучи дека д-р Ѓуровски активно учествува на голем број научни и стручни собири, при што презентира научни и стручни сознанија од областа која претставува негов научен и стручен интерес, при што успешно ги сублимира резултатите од богатата практична и истражувачка дејност.
Стручна-апликативна дејност и дејности од поширок интерес
Вон. Проф. д-р Марјан Ѓуровски остварил и стручно-применувачката дејност и дејност од поширок интерес. Активно бил вклучен во стручно-применувачка дејност остварил на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и остварил повеќе експертски активности, и тоа: член на уредувачки одбор на меѓународни списанија и тоа во Меѓународно научно списание „Американски журнал за истражување” – American Journal od Research-AJR”, во Меѓународното научно списание на Националниот Универзитет за јавни услуги од Унгарија „Criminal Geographical Journal”, и во Меѓународно научно списание „Воено дело„ на Универзитетот за одбрана на Република Србија. Потоа бил Претседател на програмски одбор на меѓународен научен/ стручен собир, учествувал во изготвување и пријавување на научен/образовен меѓународен проект, бил член на Организационен или програмски одбор на меѓународен научен и стручен собир.
д-р Марјан Ѓуровски одржал предавања пред студентите од првиот циклус на студии во рамките на „Теми за основи на надворешната и безбедносна политика“ во студиската 2018/2019 година на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград. Овие активности претставуваат значаен придонес во меѓународната универзитетска соработка и трансфер на нови знаења и вештини преку размена на наставен кадар и предавања. Покрај тоа на покана на Центарот за напредни студии, на Универзитетот во Софија д-р Марјан Ѓуровски во 2021 година гостувал како предавач на тема за насилниот екстремизам и радикализам во Република Северна Македонија и регионот.
д-р Марјан Ѓуровски од 2017 до 2019 година бил член на Универзитетска комисија за настава и квалитет и студентски работи. Учествувал и во изработка на Акционен план и програма за развој на приватното обезбедување на РСМ, бил институционален Еразмус+координатор на УКЛО, член во повеќе факултетски комисии, бил Претседател на неколку комисии за изработка на студиски програми на прв и втор циклус студии, а бил и претседател на Комисијата за изработка на Стратегијата за разбој на Факултетот за безбедност, остварувал и функција на секретар на катедрата за безбедност и на катедрата за Криминалистика, потоа ја предводел комисијата за стручно и за професионално усовршување на Факултетот за безбедност и Агенцијата за разузнавање на РСМ. Учествувал и во подготовка на национални документи.
д-р Марјан Ѓуровски учествувал во работата на повеќе универзитетски комисии, бил член на универзитетскиот сенат на Универзитетот Св.Климент Охридски“. Претседател е на Комисија за одликувања и признанија на Претседателот на Република Северна Македонија со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија од 01.08.2019 година, а учествува и во Комисијата за десиминација и промоција на МХП на Црвен Крст на Република Северна Македонија.
Во периодот 2017-2022 година, меѓу другото има реализирано повеќе значајни активности на Факултетот за безбедност и на други институции во Република Северна Македонија со што има дадено видлив придонес во областа на креирањето политики, безбедносно-одбранбената сфера, како и информирањето и комуникациите, соработката со државни и академски институции од земјата и странство и потикнува јавна дебата за актуелни теми од областа на безбедноста и сродни области кои ги покрива.
д-р Марјан Ѓуровски бил член на Комисијата за изработка на Закон за вонредна и воена состојба на Министерството за правда на РСМ. Можат да се истакнат и активностите како член на Евроатлантскиот совет на Македонија, а учествува и во работата на телото за дисеминација и промоција на МХП во Црвен крст на Република Северна Македонија и Стручниот совет на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.
Библиографија
Основи на безбедност – Концепциски безбедносни пристапи, Универзитетскиот учебник. Во издание на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола излезе од печат универзитетскиот учебник со наслов „Основи на безбедност – Концепциски безбедносни пристапи” во авторство на проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност-Скопје, Универзитет „Св.Климент Охридски„-Битола и Фондација „Конрад Аденауер„ 2021
Функционирањето на безбедносниот систем на РСМ во време на вонредна и кризна состојба„ Студија на случај-, научно истражувачка студија, Марјан Ѓуровски и група автори https://fbskopje.mk/wp-content/uploads/2021/04/Funkcioniraweto-na-Bezbednosniot-sistem-na-RSM-vo-vreme-na-vonredna-i-krizna-sostojba.pdf, Факултет за безбедност-Скопје 2021
„Анализа на кризната состојба и справување со пожарите во Република Северна Македонија низ призма на функционалностаа на системот за управување со кризи и заштита и спасување„, Марјан Ѓуровски, Марина Малиш Саздовска, Росе Смилески, Менде Моцаноски, (електорнско издание), Факултет за безбедност-Скопје (постапка на печатење), 2022
„БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ И ЗАКАНИ – ТРЕТМАН, ФЕНОМЕНОЛОГИЈА И МАПИРАЊЕ„ , проф. д-р Марјан Ѓуровски проф. д-р Марјан Николовски проф. д-р Саше Герасимоски , Монографија, (македонски јазик, англиски јазик) Факултет за безбендост-Скопје и Фондација „Конрад Аденауер„ ,2020 година
Безбедноста и КОВИД-19:Политичко-безбедносен систем, регионални безбедносни предизвици, нови државни актери пред и за време на пандемијата, Монографија во издание на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола излезе од печат публикацијата со наслов „Безбедноста и КОВИД-19: политичко-безбедносен систем, регионални безбедносни предизвици, нови државни актери пред и за време на пандемијата” во коавторство на тројца универзитетски професори и експерти по безбедност, односно Проф. Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност-Скопје, Проф. Драган Ѓукановиќ од Факултетот за политички науки од Белград и Проф. Татјана Дронзина од Филозофскиот факултет при Софискиот универзитет, 2020 година
Бела книга за приватното обезбедување [Електронски извор] / [автор Марјан Ѓуровски]. – Скопје : Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, 2019, Начин на пристапување (URL): https://obezbeduvanje.org.mk/publikatsii/. – Опис на изворот на ден 31.07.2020, ISBN 978-608-66216-8-1, а) Приватно обезбедување COBISS.MK-ID 51658245, 2020
Безбедноста на домот преку приватното обезбедување и превенција на безбедносните ризици [Електронски извор] : студија / автори Марјан Ѓуровски, Александра Деаноска, Сања Керметчиева. – Скопје : Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, 2019 , COBISS.MK-ID 111763978, 2019
Безбедност, регионална соработка и реформи -Косово и Македонија–Косовско-Македонско безбедносен форум 2018, Монографија, уредник Марјан Ѓуровски, Фондација Конрад Аденауер во Република Косово, Факултет за безбедност – Скопје, Универзитет “Св,Климент Охридски”- Битола, Република Македонија, ААБ Универзитет – Приштина
Со Одлука на Деканатската управа на Факултетот за безбедност – Скопје бр.02-2/6 од 31.01.2017 година, согласно рецензиите објавени во Билтенот на Универзитетот бр.423 од 30.12.2016 година, се објави како основен универзитетски учебник „Управувањето со кризи меѓу теоријата и практиката“ од професор д-р Желимир Кешетовиќ од Универзитетот во Белград, професор д-р Неџат Корајлиќ од Универзитетот во Сараево, професор д-р Иван Тотх од Универзитетот од Велика Горица и доцент д-р Марјан Ѓуровски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“.
Врз основа на член 110 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18) и Правилникот за организирање на издавачката дејност на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, Наставно – научниот совет на Факултетот за безбедност – Скопје, на седницата одржана на 28.02.2019 година донесе одлука број 08-189/13 од 28.02.2019 година согласно рецензиите објавени во Билтенот на Универзитетот, бр. 451 oд 01.02.2019 година и е испечатена книгата „Вовед во безбедноста, од д-р Цане Мојаноски, д-р Марјан Ѓуровски и д-р Гојко Павловиќ како постојан учебник за предметoт Современи теории и системи за безбедност, а е во издание на Факултетот за безбедност-Скопје при Универзитетот „Св.Климент Охридски„ и Фондацијата „Конрад Аденауер„ од СР Германија.
Со одлука 02-2/97 од 21.12.2017 година на Деканатската управа на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, е испечатена книгата „Безбедносни политики и концепти„ во авторство на доц. д-р Марјан Ѓуровски која согласно рецензиите објавени во Билтенот на УКЛО-Битола бр. 436 oд 01.12.2017 година може да се користи на прв и втор циклус на студии на Факултетот за безбедност-Скопје по предметите Безбедносни стратегии, Безбедносни политики, Современи теории и системи за безбедност, како и на други факултети во Република Северна Македонија.
Со одлука на Деканатската управа на Факултетот за безбедност – Скопје бр.02-2/38 од 05.05.2017 година, согласно рецензиите објавени во Билтенот на Универзитетот бр.425 од 15.03.2017 година, е објавена монографија „Евроатланските интеграции безбедносен клуч – Економскиот развој и меѓународната безбедност“ од проф. д-р Трајан Гоцевски и доц. д-р Марјан Ѓуровски.
Со Одлука на Деканатската управа на Факултетот за безбедност – Скопје, број 02-447/2 oд 7.05.2018 година, согласно рецензиите објавени во Анекс на Билтенот на Универзитетот бр.440 од 12.04.2018 година е издадена како монографија, книгата „Полицијата и јавноста (анализа на истражувачки резултати 2009 – 2017 година)” од авторите проф.д-р Цане T. Мојаноски, проф.д-р Никола Дујовски и доц. д-р Марјан Ѓуровски.
Со одлука 08-614/9 од 29.06.2018 година на Наставно-стручниот совет на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот “Св.Климент Охридски” – Битола, се објави книгата „Индекс на безбедност„ од проф. д-р Цане Мојаноски и доц. д-р Марјан Ѓуровски како монографија, согласно рецензиите објавени во Билтенот на УКЛО – Битола бр.442 од 01.06.2018 година.
Врз основа на член 110 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18) и Правилникот за организирање на издавачката дејност на Универзитетот „Св. Климент Охридски”- Битола, Наставно – научниот совет на Факултетот за безбедност – Скопје, на седницата одржана на 28.02.2019 година донесе одлука бр. 08-189/14 од 28.02.2019 година е испечатена книгата “Индекс на безбедност 2„ како Монографија согласно рецензиите објавени во Билтенот на УКЛО – Битола бр.451 од 01.02.2019 година.
Книги/Монографии
“The security system of the Republic of North Macedonia and the Covid-19 pandemics-19”, Marjan Nikolovski, Marjan Gjurovski, International Scientific journal, Series A, Social Sciences and Humanities, December 2021
“The role of corporate security in the protection of critical infrastructure and social security”, Collection of papers “Critical infrastructure protection-state obligations and private security sector opportunities” , Sector security, 2021
„Future of the Balkans in the time of integration and globalization-dangers and challenges of contemporary times”, Marjan Gjurovski, Rizvan Sulejmani, International Scientific journal “Political thought”, Year 19, No 62, August, Institute for democracy, Konrad Adenauer Stiftung, 2021
“THE IMPORTANCE OF CRISIS COMMUNICATIONS AS A PART OF THE CRISIS MANAGEMENT SYSTEM THROUGH THE PRISM OF THE CONFLICT IN 2001 IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA”, Sasho Gelevski, Nikola Dujovski, Marjan Gjurovski, Lazar Gjurov, KNOWLEDGE –International Journal,2021
“Challenges and priorities of cooperation between highen education and business community”, Goce Markovski, Marjan Gjurovski, International Scientific journal, Series A, Social Sciences and Humanities, December 2021
“THE REFUGEE CRISIS AS A TEST FOR THE CRISIS MANAGEMENT SYSTEM OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA”, Marjan Gjurovski, Mende Mocanovski, Collection of papers, International Conference MIGRATION AND DEVELOPMENT: LOOKING FORWARD POST_COVID-19, “Mother Teresa” University, Skopje, 10 June 2021
“THE EURO-ATLANTIC VALUES IN THE BALKAN COUNTRIES”, Marjan Gjurovski, SECURITY HORIZONS, No 1, ISSN 2671-3624 , 2020
“SHAPING THE FUTURE OF THE BALKANS THROUGH DIFFERENTIATED INTEGRATION: THE EU EXPERIENCE”, Goran Ilik,
Marjan Gjurovski, Nikola Lj. Ilievski, PhD, SECURITY HORIZONS, No 1, ISSN 2671-3624 , 2020
Career development through the prism of the development of students’ soft skills and their competence “Marjan Gjurovski, Goce Markovski, Proceedings, International Scientific Conference on Measurement of Competencies, Sofia University, Sofia 2020
“Disaster risk reduction:implementation module in the Republic of North Macedonia”, Marjan Gjurovski, Mende Mocanoski, Conference proceedings, International scientifific and professional conference “Crisis management Days 2019”, Amadria Park Sibenik, Croatia, May 2019
ECONOMIC ASPECTS OF THE SECURITY RISKS IN THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA, Marjan Nikolovski, Sashe Gerasimovski, Marjan Gjurovski, Proceedings of the International Scientific conference, Faculty of security, Ohrid 2019
“CAN CONFLICT RESOLUTION EFFECTIVELY DEAL WITH TERRORISM? CRITICAL OVERVIEW OF CONTEMPORARY CHALLENGE TO INTERNATIONAL SECURITY”, Ana Fritzhand, Marjan Gjurovski, Proceedings of the International Scientific conference, Faculty of security, Ohrid 2018
“REFUGEE CRISIS: SECURITY CHALLENGES FOR MACEDONIA AND THE REGION”, Marjan Gjurovski, Rade Rajkovcevski,South East European Journal of Sustainable Development | Vol.2 (2/2018)
“CONCEPTUAL APPOROACH IN CREATING SECURITY POLICY
OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA”, Marjan Gjurovski, Snezana Nikodinovska Stefanovska, Proceedings of the International Scientific Conference “Archibald reiss days 2018”, Academy of criminalistic and police studies”, Belgrade, 2018
“THE ROLE OF THE CORPORATE SECURITY WITHIN THE NATIONAL SECURITY REPRESENTED THROUGH THE SECURITY OF THE CRITICAL INFRASTRUCTURES”, Marjan Gjurovski, Gorgi Alcevski, Proceedings of the International Scientific conference, Faculty of security, Ohrid 2018
“Foreign policy positioning of the Western Balkans countries in the context of the EU Enlargement Strategy by 2025” PhD.M.Gjurovski, PhD.D.Djukanovic, Proceedings of the International Scientific Conference “United we stand strong”, European studies department, Faculty of phisophy at Sofia University “St.Kliment Ohridski”, “Jean Monnet Center of excellence with the support of “Erasmus +” Sofia,2018
Security risks assessment and security policy in the Republic of Macedonia”, Sase Gerasimoski, Marjan Nikolovski, Marjan Gjurovski, Criminal Justice and Security in Central and Eastern Europe from Common Sense to Evidence-based Policy-making, Conference Proceedings, Faculty od criminal justice and security, University od Maribor, Septembar, 2018.
”Strategy for defence diplomacy of the Republic of Macedonia”, PhD.M.Gjurovski, Proceedings of the International Scientific Conference “Towards a better future: the rule of law, democracy and polycentric development”, Bitola, 2018
“Defense diplomacy of the Republic of Macedonia”, PhD.M.Gjurovski, ASYMMETRY AND STRATEGY ~ THEMATIC COLLECTION OF ARTICLES ~, STRATEGIC RESEARCH INSTITUTE & NATIONAL DEFENCE SCHOOL, Belgrade, 2018
“HEORETICAL GROUNDS FOR RESEARCHING THE SECURITY RISKS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA”, Sase Gerasimovski, Marjan Nikolovski, Marjan Gjurovski, Proceedings of the International Scientific conference, Faculty of security, Ohrid, 2018
“Transformative Power of the EU in the International Relations” PhD.M.Gjurovski, Proceedings of the International Scientific Conference “Rethinking the European Union”, European studies department, Faculty of phisophy at Sofia University “St.Kliment Ohridski”, “Jean Monnet Center of excellence with the support of “Erasmus +” Sofia,2017
“WESTERN BALKANS SECURITY IN CONTEMPORARY GEOSTRATEGIC
CHANGES BETWEEN EAST AND WEST”, Dragan Đukanović, Marjan Gjurovski, Proceedings of the International Scientific Conference “Archibald reiss days 2017”, Academy of criminalistic and police studies”, Belgrade, 2017
“Conceptual Approach in Creating Security Policy of the Republic of Macedonia”, Gjurovski, M. Serbian Journal of Engineering Management
Vol. 2, No. 2, 2017
“EDUCATION OF PERSONNEL FOR PRIVATE SECURITY”, Scientific Journal of Criminal Theory and Practice, International Criminal Association, 2017
“УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ РИЗИЦИ ВО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”, Марјан Николовски, Марјан Ѓуровски, Саше Герасимовски, Proceedings of the International Scientific Conference, 40 ГОДИНИ ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА (КОНЦЕПТИ И ПРАКТИКИ), 2017