Институт за историја на уметноста и археологија

д–р Татјана Филиповска

Редовен професор

Проф. д–р Татјана Филиповска е родена 1965 година во Скопје. Дипломирала (1987) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и магистрирала (1996) на Филозофскиот факултет при Белградскиот универзитет. Во 1988 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за историја на уметноста и археологија. Докторската дисертација на тема „Празничната сцена во венецијанското сликарство на XVIII век” ја одбранила во октомври 2005 година на Филозофскиот факултет во Скопје, со што се стекнала со звањето доктор на науки по историја на уметноста и археологија. Во звање доцент е избрана во 2006 година, а во звање вонреден професор е избрана во 2010 година. Од 2016 година е редовен професор при Инститот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Добитничка е на наградата за најдобар студент на Филозофскиот факултет во Скопје (Манинг) за генерацијата 1986/87 година.

Во периодот од 1998 до 2006 година професор Филиповска била секретар на постдипломските студии на Институтот за историја на уметноста и археологија, а од октомври 2009 до октомври 2013 година ја обавува функцијата раководител на постдипломските студии на насоката Историја на уметноста на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Таа исто така била прв член на подкомисијата за самоевалуација на матичниот институт, со мандат од четири години. Проф. Филиповска била член на Комисијата за научноистражувачка дејност при Филозофскиот факултет во Скопје за периодот од 2011 до 2015 година, како и член на Комисијата за избор во стручни звања од областа на историјата на уметноста при Министерството за култура на Р. Македонија. Од 2017 година таа е раководител на програмата за трет циклус-докторски студии по Историја на уметноста и археологија.

Го зборува англискиот јазик и солидно го владее италијанскиот јазик. Покрај ликовните уметности и архитектурата, проф. Т. Филиповска покажува интерес и за други уметности, како литературата, музиката, филмот, театарот. Хортикултурата е исто така значаен дел од нејзините слободни активности.

Истражувачки интереси: Во фокусот на нејзината работа е италијанската уметност на новиот век, особено венецијанското сликарство на XVIII век (жанр –сликарството и ведутизмот). Подолг временски период проф. Филиповска се бави со истражување на интеракцијата меѓу сликарството и сценските уметности. Во поново време предмет на нејзиниот интерес е и социолошкиот аспект на европската уметност во модерната доба.

Проф. д–р Татјана Филиповска изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [У1423] Европската уметност во епохата на ренесансата и маниризмот

  • 2

    [У1433] Европската уметност од барокот до XX век

  • 3

    [У246И] Митологија, религија и идеологија во европската нововековна уметност

  • 4

    [У247И] Книжевноста и ликовните уметности во новиот век

На третиот циклус студии:
  • 1

    Европска визуелна култура

  • 2

    Идеологијата и ангажираноста во европската нововековна уметност

  • 3

    Сликарството и сценските уметности во европскиот нов век



Библиографија

„Класичната митологија како еротски инпут во европската уметност“, во Systasis special edition 4 (2018), 330-367.

„Класични парадигми во глорификацијата на владетелите во италијанската ренесансна уметност“, во Зборникот на трудови од меѓународниот научен собир Studia Classica Anniversaria, 70 години на Институтот за Класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје 2016, 167-184.

Идеологијата и општествената ангажираност во европската ликовна уметност на модерното доба, монографија, Панини Скопје 2015.

„Vitruvian Echo Through The Renaissance”, in Folia Archaeologica Balkanica III, Professoris illustrissimae Elica Maneva in honorem, Skopje 2015, 623-643.

„Италијански литературно – ликовни паралели во Модерното доба”, текст за Зборникот на трудови од учество на меѓународен научен собир Parallelismi linguistici, letterari e culturali, 55 anni di studi italiani, atti del convegno internazionale, Охрид, 13-14 септември, 2014, a cura di Radica Nikodinovska, Skopje 2015, 587-611

,,Влијанието на Платоновата Академија во Фиренца и неоплатонизмот врз Западната уметност”, текст за Зборникот на трудови 2400 години од основањето на Платоновата Академија, зборник на текстови од меѓународна конференција, Филозофски факултет, Скопје 2016, 221-249.

,,L`Evoluzione delle scene festive nella pittura veneziana”, текст во Зборникот на трудови од собирот Lingua, Letteratura e cultura italiana, atti del convegno internazionale, 50 anni di studi italiani, lingua, letteratura e cultura italiana („Италијански јазик, литература и култура, 50 години италијански студии, италијански јазик, литература и култура”, 29-30 октомври 2009 година на филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје), a cura di Radica Nikodinovska, Skopje 2011, 345-365.

,,Ruskin on Canaletto, текст од учество на меѓународниот научен собир Ruskin, Venice and Cultural Travel (Венеција, 25-27 септември 2008), во Зборникот на трудови од собирот Ruskin, Venice and Nineteenth – Century Cultural Travel, edited by Keith Hanley and Emma Sdegno, Le Bricole, Collana del Dipartimento di Studi Europei e Postcoloniali, Università Ca`Foscari Venezia, Universita Ca`Foscari Venezia, Cafoscarina 2010, 55-68.

,,Classical Archaeology under the Auspices of European Art, Во Systasis 22-23, 2013 електронско списание на здружението на класичните филолози Антика.

,,Караваџо – 400 години реализам во европското сликарство, Годишен зборник на ФЗФ, книга 64, Скопје 2011, 295-306.

,,Митологијата во европската нововековна уметност”, во Systasis 16, сеп. 2010 (Електронско списание на здружението на класични филолози ,,Антика”).

,,Социолошко – антрополошкиот аспект на празнувањето во рамките на митот за Венеција”, во Социолошка ревија, бр. IX – X, Скопје 2010, 61 – 75.

,,Андреа Паладио (1508 – 1580) и сликарското искуство на класичната архитектура”, во Годишен Зборник на ФЗФ, Книга 62, Скопје 2009, 327-350.

Празничната сцена во венецијанското сликарство на XVIII век, Скопје 2009. (монографија)

,,Италијанската ликовна уметност и архитектура и нивното влијание како предмет на изучување на Институтот за историја на уметноста и археологија во Скопје”, во Зборник на трудови Tempo d`incontri, Atti seminari ,,TEMPUS” JEP 18101 – 2003, a cura di Anastasija Gjurčinova e Vanna Zaccaro, Skopje 2007, 431 – 438. Меѓународен научен собир ,,Италијанските студии на европскиот систем на високо образование” (Скопје, 22 и 23 фебруари 2007), организиран од Филолошкиот факултет ,,Блаже Коневски” во Скопје, во рамките на Научниот проект од Темпус програмата за образование и култура.

,,Триста години од раѓањето на Карло Голдони (1707- 1798) – авторот на комичната хроника на својата епоха”, во Годишен Зборник на ФЗФ, Книга 60, Скопје 2007, 397-418.

,,Услови за создавање на ведутизмот како жанр во италијанското сликарство”, во Годишен Зборник на ФЗФ, Книга 59, Скопје 2006, 369-396.

Комедијата во венецијанското сликарство на 18. век, Македонска цивилизација, Скопје 2004. (монографија)

„Венеција како сценски простор”, во Годишен Зборник на ФЗФ, Книга 57, Скопје 2004, 321-355.

„Ренесансното сликарство во Далмација и Истра- Прилог кон ТЕМПУС проектот „Разбирање на визуелната култура на Балканот“ ”, Годишен Зборник на ФЗФ, Книга 56, Скопје 2003, 293-328.

„Значењето на нововековната италијанска уметност за поширокиот европски уметнички простор“, во Зборникот на трудови од научниот собир „40 години лекторат по италијански јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје“, Скопје 2001, 226-239.

„Празничната сцена во венецијанското сликарство на XVIII век и претпоставките за нејзиното настанување“, во Годишен Зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, книга 27, Скопје 2000, 171-192.

Тицијан, трета книга од второто коло Ликовна уметност, Ѓурѓа, Скопје 1998.

„Сценско- театарскиот карактер на сликите на Жан Антоан Вато (1684-1721), во Годишен Зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, книга 25 (51) Volume, Скопје 1998, 207-223.

„Театарот во венецијанското сликарство на XVIII век“, во Годишен Зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, книга 23 (46) Volume, Скопје 1996, 315-332.