Институт за историја

д–р Бобан Петровски

Редовен професор

Проф. д–р Бобан Петровски е роден 1972 година во Скопје. Дипломирал (1995) со мошне висок просек (9,88), магистрирал (2001) и докторирал (2006) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во академската 1996/97 година се запишал и полагал група предмети на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет. Во март 1998 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за историја. Последователно е избиран во звањата доцент (2007), вонреден професор (2011) и редовен професор (2016) при Институтот историја на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во периодот 2009-2013 година бил раководител на Институтот за историја. Во периодот 2009-2013 година бил член на Универзитетскиот Совет при УКИМ. Востановувач е на меѓународното списание “Macedonian Historical Review – Македонска историска ревија” во издание на Филозофскиот факултет-Скопје и во периодот 2010-2013 година во два наврати бил негов главен уредник. Бил еден од најупорните иницијатори за формирање на Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија. Актуелен член е на уредувачкиот одбор со мандат 2017-2021 година на специјализираното медиевистичко списание “Imago Temporis Medium Aevum” од Шпанија кое е индексирано во престижната “Web of Science/Thomson Reuters Database”.

Посетувал стотина домашни и меѓународни семинари, конференции, симпозиуми, конгреси. Остварил студиски престои на универзитети и истражувачки центри во Будимпешта, Софија, Белград, Виена. Автор е на неколку книги и на над 50 истражувачки студии и анализи, некои во списанија индексирани во угледните Scopus и Thomson-Reuters листи, а дел од истите се издадени во Унгарија, Бугарија, Србија, Шпанија, Хрватска, Турција, Русија, Австрија, Албанија, Романија. Цитиран е во повеќе од сто домашни и интернационални трудови, а неговите статии имаат илјадници прегледи на специјализираните академски мрежи.

Пишувал сценарија, бил консултант и учесник во медиевистички историски документарни филмови во земјата и во Србија. Со научни и стручни ставови се појавувал на национални телевизиски и радио емисии во земјата, Србија и Бугарија. Стручен редактор е на неколку меѓународни медиевистички монографии. Активно е вклучен во заштита на Apis mellifera macedonica.

Познавање јазици: а. Конгресни: англиски, француски, руски. б. Балкански: српски, бугарски. В. Стари јазици: старогрчки, латински, старословенски.

Истражувачки интереси: средновековна национална и европска историја; помошни историски науки; хералдика и инсигнии.

Проф. д–р  Бобан Петровски изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:

На првиот циклус студии:
На вториот циклус студии:
  • 1

    [И105З/18] Политичка историја на Европа

  • 2

    [И225И/18] Европска дипломатија

  • 3

    [И14-И/18] Историја на средновековната црква

  • 4

    [И294И/18] Хронологија

На третиот циклус студии:
  • 1

    [И6] Миграциите во средниот век

  • 2

    [И7] Христијанството и неканонските учења во средниот век

  • 3

    [ИУА20] Држави и цркви во средниот век


Библиографија (за последните десет години)

Монографии, книги, универзитетски учебници и помагала

Петровски Б., Средновековни населби и патишта во Полог – пишани извори, Скопје 2015.

Петровски Б., Цар Самуил и битката на Беласица во 1014 година, текст Б. Петровски, едиција Македонски искушанија, Кн. 20, Министерство за култура на Република Македонија, Скопје 2014.

Петровски Б., Македонија во балканските воено-политички премрежија во XIII век, текст Б. Петровски, едиција Македонски искушанија, поглавје во книгата Македонија до XIX век, Кн. 5, Том IV, Министерство за култура на Република Македонија, Скопје 2015 (стр. 901-918).

Петровски Б., Македонија во византиско-српските превласти од крајот на XIII до средината на XIV век, текст Б. Петровски, едиција Македонски искушанија, поглавје во книгата Македонија до XIX век, Кн. 5, Том IV, Министерство за култура на Република Македонија, Скопје 2015 (стр. 919-939).

Петровски Б., Македонија во времето на Волкашин и Углеша, текст Б. Петровски, едиција Македонски искушанија, поглавје во книгата Македонија до XIX век, Кн. 5, Том IV, Министерство за култура на Република Македонија, Скопје 2015 (стр. 941-957).

Петровски Б., Кралот Марко и браќата Дејанови, текст Б. Петровски, едиција Македонски искушанија, поглавје во книгата Македонија до XIX век, Кн. 5, Том IV, Министерство за култура на Република Македонија, Скопје 2015 (стр. 959-977).

Petrovski B., „Ustanovljivanje sjeverne granice Makedonije: (ne)navremeno rješavanje i primeri iz prošlosti“– дел од монографија, сочинета врз Zbornik radova s Megjunarodnog znanstvenog skupa Pravne i povijesne odrednice granica Srednje i Jugoistocne Europe, Osiek 21-22 listopad 2010, Osiek 2011 (115-123).

Петровски Б., Историја на балканските земји во XIV-XV век, Скопје 2010.

Петровски Б., Помошни историски науки, Скопје 2010.

Петровски Б., Хералдика и инсигнии, Скопје 2009.

Аџиевски К.-Петровски Б., Историја на Европа во раниот среден век, Скопје 2009.

Научни и стручни статии

Б. Петровски, „Светиклиментовата словенска епископија vs. т.н. ʽПреславска цивилизацијаʼ“, Милениумското зрачење на Св.Климент Охридски, 1.100-годишнина од упокјувањето на св. Климент Охридски, Меѓународен научен собир, Скопје МАНУ 28 – 29.10.2016, Скопје 2017,  201-211.

Б. Петровски, „Круната на крал Марко“, меѓународен научен собир „Српска краљевства у средњем веку, одржан воКраљево (Србија), 15 – 17 септември 2017 г., Краљево 2017, 309-340.

Б. Петровски, „Свт. Климент Охридский, хан/князь Борис-Михаил и князь/царь Симеон: исторические аспекты“ (Свети Климент Охридски, кан/кнeз Борис-Михаил и кнез/цар Симеон: историски аспекти), Славяне 5/2, Москва 2016, 10-53.

B.Petrovski, „Constantine Tikh Asen and Polog“, во: Великите Асеневци – сборник с доклади от конференция посветена на 830 години от въстанието на братята Петър и Асен, началото на Второто българско царство и обвявяването на Търново за столица на България и 780 години от легитимното възобновяване на Българската патриаршия, Велико Търново 2016, 234-241.

Б. Петровски, „Почетоците на исламската цивилизација во Штип: паѓањето на градот под османлиска власт“, Прилози од четвртиот меѓународен конгрес Исламска цивилизација на Балканот, Скопје, Македонија, 13-17 октомври 2010, Istanbul 2015, 43-55.

Petrovski B., „Central-southern Europe under the Restored Byzantine Administration after the fall of Samuel State“, во V.Gjuzelev – G.Nikolov (eds.),   South-eastern Europe in the second half of 10th – the beginning of 11th centuries: History and Culture, International Conference, 6 – 8 October 2014, Sofia 2015, 266-276.

Petrovski, B., „Intertwined Legal System: Church Authorities versus Local Feudal Landlords (in Central-southern Europe)“, Imago Temporis Medium Aevum 8, Lleida 2014, 195-212

Petrovski, B., „Ottoman conquests of parts of Central-southern Europe in the late 14th century: the ambiguity of the sources“, Hikmet 22/23, (May 2014/1), 58-73.

Petrovski, B., „Ottoman Military Campaign in 1385: itinerary and goals“, во S.Mišić (ed.), Authority and power nobility of Moravian Serbia from 1365 to 1402. Thematic Collection of Papers from the International conference held in Kruševac, Veliki Šiljegovac and Varvarin, September 20-22, 2013, Kruševac 2014, 287-303.

Petrovski B., „Fond ‘Filozofski fakultet’ u DARM-u – najznačajniji arhivski izvor o karijeri Josipa Matasovića u Skoplju“, во S.Leček (red.) Josip Matasović i paradigma kulturne povijesti, Zbornik radova znanstvenog skupa odrzanog u Slavonskom Brodu 23.-24. studenoga 2012, Slavonski Brod – Zagreb 2013, 215-230.

Петровски Б., „Хералдиката и хералдизацијата. Хералдиката во Македонија“, Предавања на XLV меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид 22 јуни – 5 јули 2012, Скопје 2013, 167-183.

Petrovski B., „Local roads in Medieval Polog: written sources“, Folia Archaeologica Balkanica, Skopje 2012, 463-469.

Петровски Б., „Кореспонденцијата на Теофилакт Охридски: Полог во писмата L8 и L13а“, Годишен зборник на Филозофски факултет, книга 64, Скопје 2011, 225-242.

Petrovski B., „Thephylact of Ohrid: Polog reported for the First Time in the Sources“, Macedonian Historical Review Vol. 1, Скопје 2010.

Петровски Б., „Српско-византиски односи во последната декада на XI век: Волкановото навлегување во Полог“, Годишен зборник на Филозофски факултет,  книга 63, Скопје 2010.

Петровски Б., „Учебниците по историја-Критички приод на учебник по историја за 6 одделение“. Современата настава по историја – Зборник на трудови, Скопје 2010.

Петровски Б., „Вистинската перцепција за Македонија кај Ал-Идризи (случајот со Булугу, Маласува, Загурија)“, во Македонија и соседите – Меѓународна научна конференција одржана по повод јубилејот 60 години Институт за Историја, Скопје 2010.

Петровски Б., „Прашањето за постоење на средновековен град Полог“, Balcanoslavica 34-36, Прилеп 2009. 

Петровски Б., „Доцноантички / рановизантиски населби во Полог (6. век)“, Македонско наследство XII 34-35, Скопје 2009.

Петровски Б., „Локалната власт во средновековната жупа Полог: претставници и нивни ингеренции“, Годишен зборник на Филозофски факултет, книга 62, Скопје 2009.

Петровски Б., „Границите на доцноантичките провинции како детерминанти за културната историја (случајот со Полог)“, во Антиката и европската култура – Прилози од научниот собир одржан по повод јубилејот 60 години Институт за класични студии, Скопје 2009.

Петровски Б., – автор на 73 одредници во Македонска Енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009.