- (02) 3 116 520, лок. 110
- (078) 489 865
- вторник, 14:00–15:00 среда, 12:00–13:00
- valerij@fzf.ukim.edu.mk
- профил на ризницата на УКИМ
- ORCID ID: 0000-0003-1360-1465
д–р Валериј Софрониевски
Проф. д–р Валериј Софрониевски е роден 1966 година во Скопје. Дипломира (1990) на Филозофскиот факултет, а магистрира (1996) на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Една година (1991-92) работи како наставник по латински јазик во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, а во 1993 се вработува како помлад асистент (по античка литература) на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје. По здобивањето со магистратура по филолошки науки, во 1996 е избран во звањето асистент (по античка литература и старогрчки јазик), а по одбраната на дисертацијата „Семиотика и семантика на леглото во старогрчката литература“ и здобивањето со докторат по класични науки, во 2001 е избран во звање доцент (по старогрчки јазик, новозаветен и византиски грчки јазик, новогрчки јазик). Во звањето вонреден професор e избран во 2006 (по старогрчки јазик, новозаветен и византиски грчки јазик, новогрчки јазик, применета класика, ИКТ во класичната филологија, антиката на филм), а во 2010 станува редовен професор (по старогрчки јазик, новозаветен и византиски грчки јазик, новогрчки јазик, применета класика, рецепција на класичната култура) при Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.
Професионален ангажман:
1996-2000 Претседател на Друштвото за антички студии на Р. Македонија (Скопје);
2001 Член на основачкиот одбор на Здружението на класични филолози “Антика”;
2001- Член на основачкиот и управниот одбор на Друштвото за класични студии Жива Антика, Скопје;
2002-2005 Раководител на Постдипломските студии по класична филологија на Институтот за класични студии;
2002-2006 Координатор за КТС на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје;
2005-2008 Член на Етимолошката комисија при Меѓународниот славистички комитет.
2013-2015 Претседател на Комисијата за библиотечна дејност при Министерството за култура на РМ.
2013- Раководител на Постдипломските студии на Институтот за класични студии.
Доживувајќи ја класиката како начин на мислење и дејствување, тежнее постојано да ја поврзува со други науки и општествени состојби и да ѝ наоѓа практична примена во секојдневниот живот и опкружување. Пасиониран љубител на филмската уметност. Татко на Лавинија и Тимотеј Софрониевски.
Проф. д–р Валериј Софрониевски изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:
На првиот циклус студии:
-
5
[КА504И/18; Г501З/18; ] Читање старогрчки текстови
-
6
[КА505И/18; КВ505И/18; ] Увод во грчка палеографија
-
7
[КА606И/18; КВ805И/18; ] Новогрчки јазик
-
8
[КА807И/18; КВ806И/18; ] Јазична анализа на старогрчки текстови
На вториот циклус студии:
-
1
[КФ201З] Методологија на класичните науки
-
2
[КФ301И] Грчки автор по избор
-
3
[КФ309И] Византиска грчка палеографија
-
4
[УК128И] Увод во старогрчки јазик и култура
На третиот циклус студии:
-
1
[КВК10] Византиски автор
-
2
[КВК12] Византиска грчка палеографија
-
3
[КМФ1] Јазична анализа на дело од грчки и латински автори
-
4
[КМФ5] Историја на грчкиот и латинскиот јазик
Библиографија
Авторски книги:
Антологија на старогрчки поговорки и мудрости, избор, превод од старогрчки и коментари, Скопје: Publisher, 2018. – 312 стр.; ISBN 978-608-4569-77-0
Старогрчко-македонски речник (развоен)4, Скопје: Филозофски факултет, 2017. – 644 стр; ISBN 978-608-238-128-2
Lexicon graeco-macedonicum (evolutivum)3, Скопје: Филозофски факултет, 2015. – 480 стр; ISBN 978-608-238-062-9
Морфологија на старогрчкиот јазик, Скопје: Филозофски факултет, 2013. – xvi, 382 стр.; ISBN 978-608-238-030-8
Старогрчко-македонски речник (развојна верзија)2, Скопје: ТРИ, 2013. – 324 стр.; ISBN 978-608-230-155-6
Дескриптивна грчка фонетика и морфологија на име, Скопје: Филозофски факултет, 2013. – 185 стр.; ISBN 978-608-238-003-2
Χρύσειον αʹ (Khryseion I): Учебник по старогрчки јазик – почетно изучување (во коавторство), Скопје: МОН на РМ, 2010. – 212 стр.; ISBN 978-608-226-202-4
Lexicon graeco-macedonicum (evolutivum), Скопје: Контрапункт и Филозофски факултет, 2010. – 140 стр.; ISBN 978-608-65150-0-3
Поетика на леглото во старогрчката книжевност, Скопје: Магор, 2003. – 366 стр.; ISBN 9989-851-82-4
Латинско-македонски речник, Скопје: БИГОСС, 2001.- viii, 780 стр.; ISBN 9989-44-012-3
Ајсоп и ајсоповските басни во македонските народни приказни, Скопје & Мелбурн: Матица Македонска, 1999. – 230 стр.; ISBN 9989-48-009-5
Преводи:
Платон, Филеб, предговор, превод од старогрчки, белешки и коментари, Скопје: ТРИ, 2019. – 148 стр.; ISBN 978-608-230-653-7
Платон, Менон, превод од старогрчки и белешки, Скопје: ТРИ 2017. – 106 стр.; ISBN 978-608-230-500-4
Аристофан, Лисистрата, предговор, превод и препев од старогрчки, белешки и коментари, Скопје: ТРИ 2016. – [vii]-xvi, 134 стр.; ISBN 978-608-230-415-1
Аристофан, Славенички на Тесмофории, предговор, превод и препев од старогрчки, белешки и коментари, Скопје: ТРИ 2014. – viii, 116 стр.; ISBN 978-608-230-229-4
Аристофан, Жени во собрание, предговор, превод и препев од старогрчки, белешки и коментари, Скопје: ТРИ 2013. – v, 193 стр.; ISBN 978-608-230-162-4
Платон, Теајтет, превод од старогрчки јазик, предговор и белешки, Скопје: Профундум 2011. – viii, 155 стр.; ISBN 978-9989-2757-8-4
Читање грчки : Текст, превод од англиски јазик, превод и препев од старогрчки јазик, прилагодувања и дополнувања. – Скопје: ТРИ, 2009. – xix, 182 стр.; ISBN 978-9989-187-88-9
Читање грчки : Граматика, речник и вежби, превод од англиски јазик, превод и препев од старогрчки јазик, прилагодувања и дополнувања. – Скопје: ТРИ, 2009. – viiiI, 396 стр.; ISBN 978-9989-187-89-6
Ајсоп, Басни, превод и препев од старогрчки јазик, предговор, белешки и коментари, Скопје: ТРИ, 2008. – xlix, 228 стр.; ISBN 9989-153-50-7
Платон: Горгија, превод од старогрчки јазик, предговор и коментар, Скопје: БИГОСС, 2004. – vii, 162 стр.; ISBN 9989-44-117-0
Гај Јулиј Кајсар, Белешки за Галската војна, превод од латински јазик, во коавторство со Љ. Басотова, Скопје: ТРИ, 2000. – 328 стр.; ISBN 9989-918-08-2