КА606И/18: Новогрчки јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаVI2+26

Наставник: д–р Валериј Софрониевски

Цели на предметната програма:

Студентите да научат изговор, читање и пишување на новогрчки јазик, да ги научат неговите основни морфолошки и синтаксички одлики и да усвојат определен вокабулар.

Содржина на предметната програма:

Содржините на курсот, нужно недетерминирани со користената литература, преку аудио-визуелни методи, вежби за изговор и пишување и преку дијалог, го покриваат изучувањето на новогрчкиот јазик (на елементарно и на синтагматско ниво), со усвојување на неговата морфологија и синтакса, со меморизирање значителен лексички фонд и преку укажување на синтаксичките и идиоматските паралели со македонскиот јазик. Изучувањето на јазикот е проследено со негово постојано компарирање со класичниот грчки јазик и неговите подоцнежни актуализации и воочување на спецификите и новите модификации во развојот на јазикот.

Литература:

1. Συνεργασία του διδακτικού προσωπικού του Σχολείου Νέας Ελληνικής Γλώσσας του Αριστοτελείου Πανεπιστημίου Θεσσαλονίκης, Τα Νέα Ελληνικά για Ξένους, Θεσσαλονίκη: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Σπουδών, 2005

2. Αρβανιτάκης, Κ.-Αρβανιτάκη, Φ.,  Επικοινωνήστε Ελληνικά 1, Αθήνα: Δέλτος, 2002

3. Αρβανιτάκης, Κ.- Αρβανιτάκη, Φ. Επικοινωνήστε Ελληνικά – Βιβλίο Ασκήσεων 1α και 1β, Αθήνα: Δέλτος, 2002