Институт за социологија

д–р Аница Драговиќ

Редовен професор

Проф. д–р Аница Драговиќ е родена 1966 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршила во Скопје. Во февруари 1992 година дипломирала на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, со дипломскиот труд под наслов “Начини и механизми на трансформација на неформална во формална моќ во политиката”. Во март 1992 година се запишува на постдипломски студии на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистерскиот труд под наслов “Макросоциолошка анализа на парламентарните избори во Централна и Источна Европа: 1989-1994” со успех го одбранила во април 1997 и со тоа се стекна со научен степен магистер по социолошки науки. Во 1999 на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, ја пријавува докторската дисертација и истата е одобрена под наслов ,,Социјалната средина и родноста”. Во периодот од 2000 до 2003 година, д-р Аница Драговиќ била на студиски престој во Демографскиот центар во Каиро, (Cairo Demographic Centre) Арапска Република Египет, каде што со успех ги има посетувано предвидените наставни програми од областа на демографијата. Во Cairo Demographic Centre, во 2000 година, се има стекнато со степен Oпшта диплома во демографијата (General Diploma in Demography) и во 2001 година со степенот Специјалист за население и одржлив развој (Special Diploma in Population and Sustainable Developmentнт). Во Cairo Demographic Centre, во 2003 година го одбрани трудот под наслов: ,,Ниво, разлики и фертилитетот во Република Македонија” и се стекна со академски степен Магистер на демографски науки (Master Philosophy in Demography MPhil). Во јули 2004 година, д-р Драговиќ Аница ја одбрани докторската дисертација под наслов „Социјалната средина и родноста “ на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје и се стекна со научниот степен доктор на социолошки науки.

Аница Драговиќ од 1.6.1993 до 14.5.2008 година била вработена во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје како помлад асистент-истражувач. Во 1998 година е избрана за асистент – истражувач. Во 2004 година е избрана во звањето научен соработник за областа на социолошките науки, со еквивалентно наставно звање доцент по предметите: методологија и применета политика посебен дел (во областа на популациските движења и популационата политика). Во 2007 година е избрана во научното звање виш научен соработник од областа на социолошките науки и во наставното звање вонреден професор по предметите методологија на општествените истражувања, статистика на општествените истражувања, демографија и популациона политика.

Од 2008 година, Аница Драговиќ работи на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како вонреден професор.

Во 2012 година е избрана за редовен професор за научните области (дисциплини): социјална демографија, социологија на миграциите, социологија на семејството, популациона политика, социјална статистика и методологија на општествени истражувања, аво 2017 година е повторно избрана во звањето редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Има остварено престој во рамките на проргамата Oxford Colleges Hospitality Scheme (2004), на Nuffield College, Велика Британија.

Во учебната 2015/2016 година (зимски семестар) на Јегјелоњскиот универзитет во Краков, Полска, на Филозофскиот факултет-Институт за социологија има остварено предавање како визитинг професор на изборен курс: Демографски предизвици и семејните прашања во Република Македонија и на Балканот (Demographic Changes and Family Issues in the Republic of Macedonia and Balkan), на втор и трет циклус студии.

Активно е вклучена во стручно-апликативната работа на Филозофскиот факултет и во други институции во доменот на истражување, обука и консултации на национално и меѓународно рамниште.

Во периодот од 2013 до 2017 година е продекан за меѓународна соработка на Филозофскиот факултет, а од 2017 до 2019 продекан за финансии.

Го зборува англискиот јазик.

Научни интереси: социологија; демографија; семејство; социодемографска структура и однесување; јавно мислење; демографско движење; популациона политика; методолошки и стратистички пристапи во општествените истражувања.

Проф. д–р Аница Драговиќ изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [СО102З] Методологија за општествени истражувања

  • 2

    [СО102З] Население и развој

  • 3

    [С215И] Миграции и современите политики

  • 4

    [С214И] Семејство, фертилитет и политики

  • 5

    [ЕИ243И] Регионална демографија

На третиот циклус студии:
  • 1

    [СОЦ12] Население и општество

  • 2

    [СОЦ14] Современо семејсво и социјална правда

  • 3

    [СОЦ21] Современа анализа на популационите политики во Европската Унија



Библиографија

Chukalevska, D.M., Dragovic, A. 2019. Profile of Global and the Local in Culture: The case of the Macedonian Society Balkan Social Science Review 14/2019 p.203-223, ISSN 1857-8799

Chukalevska, D.M. Dragovic, A. 2019. The Image of Social Exclusion in Macedonian Media in Proceedings of the International Scientific Conference “Social Changes in the Global World” vol2.no.6 p.1001-1009 (

 Drakulovska, Ch.M., Dragovic, I, Dragovic, A. 2018. ‘’New media and Changes in Communication Type’’ (2018) in Proceedings from Fifth International scientific conference: Social Changes in the Global World Shtip, pp. 991-999 ISBN978-608-244-548-9 (co-author).

Drakulovska, Ch..M ., Dragovic, I, Dragovic, A. 2018.  ‘’Robertson’s and Ritzer’s conceptions of globalization’’ (2018) in Balkan Social Science review, Vol. 11. June 2018, 115-131 (co-author)Available at:

Drakulovska, Ch.M Dragovic, I., Dragovic, A., ‘’Public opinion towards globalization:  the Macedonian experience’’ (2017)  in Balkan Social Science Review, Vol. 10. December 2018, 91-113 (co-author)

Dragovic, A., Drakulovska, Ch.M Dragovic, I. 2017. ‘’Some aspects of youth attitudes towards (e) migration: case of Republic of Macedonia’’ in Towards Understanding of Contemporary Migration Causes, Consequences, Policies, Reflection. (ed. Bobic, Jankovich) Faculty of Philosophy, University in Belgrade pp. 107-131(co-author)

Dragovic, A., Drakulovska, Ch.M. 2014. ‘’The Internet and the Globalization Processes -the Macedonian Context , Proceedings from International scientific conference: Internet and Society. Niš/Beograd, pp.133-144, ISBN978-86-81319-05-5 (co-author).

Dragovic, A., Drakulovska, Ch.M. 2013. ‘’Globalization Challenges: Socio – economic and Cultural Changes within Modern Macedonian Society’’, Proceedings from International scientific conference: Globalization and Sovereignty Decline. Beograd/Kosovska Mitrovica, pp. 1015-1028, ISBN978-86-6349-018-5 (co-author).

Dragovic, A., ‘’Effects of the international migration of highly skilled person on the development’’. 2013, in Proceedings from the International Scientific Conference X Skopje0Krakov seminar GLOBAL – LOCAL / LOCAL – GLOBAL Ss. Cyril and Methodius University in Skopje and Jagiellonian University.

Dragovic, A., 2013. ‘’Some aspects of the quality and presentation of the qualitative data in the demographic research’’, Proceedings from the International Conference Sociology and the Challenges of the Global AgeFaculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje.

Dragovic, A., Drakulovska, Ch.M. 2013. ‘’An Application of total wealth index for measuring living conditions: case of the Sultanate of Oman’’ in Социолошка ревија The Sociological Review – Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje. No. 1-2/2013 Volume XIV.

Dragovic, A., 2012. ‘The Impact of Women’s Status on Fertility: Case of the Republic of Macedonia’’Социолошка ревија The Sociological Review – Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje. No. 2/2012 Volume XIII.

Dragovic, A. 2012. Platform for Monitoring and Evaluation of domestic violence services delivery towards implementation of the National Strategy for Protection against Domestic Violence (2008-2011); Joint Programme on Domestic Violence Strengthening National Capacities to Prevent Domestic Violence” and  The UN Trust Fund in Support of Actions to Eliminate Violence against Women

Dragovic, A., 2011. ‘’Fertility in the Republic of Macedonia’’ Selected Research papers in Social Change, education, Labour Market, and Criminology, Johannes – Kepler – Universitat, Trauner Verlag/ Vol.II, 2011.

Dragovic, A., 2010. ‘’Social determinant of the political identity of the citizens in the Republic of Macedonia’’ (using factor analysis) Political Identity in the Republic of Macedonia, (ed. Lidija Hristova), University “Ss.Cyril and Methodius” Skopje.

Dragovic, A., 2008. ‘’Low fertility, Policy and Quality of life in Republic of Macedonia’’ Review of Social Policy, Friedrich Ebert Stifung p.133-147.

Dragovic, A., 2007. ‘’The Qualitative methodological approach in the communication research” Annual University “Ss. Cyril and Methodius” Faculty of Law, Skopje.

Dragovic, A., 2008. ‘’The changing age distribution of the world and globalization’’ International Conference University “Ss. Kliment Ohridski” Faculty of Economics – Prilep

Dragovic, A., 2007. ’Demographic Development and population policy: Republic of Macedonia and European Union’’Faculty for Social Science, Republic of Macedonia.

Dragovic, A., 2007. “Equal Access to Quality education for Roma – Macedonia”, Volume 2, Monitoring Reports, 2007 (co-author).

Dragovic, A., 2005. “Fertility Differentials among Roma population in the Republic of Macedonia” in Interrelation between Gender, Ethnicity and Fertility: The Significance of the Education and Employment on Fertility among different ethnic groups in the Republic of Macedonia, Foundation Open Society Institute Macedonia.

Dragovic, A., 2005. “Theory of Fertility” Annual of the Institute for Sociological Political and Juridical research, Skopje.

Dragovic, A., 2004. “Socio-economic disparities among municipalities in Macedonia” UNDP author of education and culture, transport and communication, and health sector, (co-author)

Dragovic, A., Profiles of Municipalities in Macedonia UNDP author of education and culture, transport and communication, and health sector, (co-author)

Dragovic, A., “Data and Indicators of Municipalities in Macedonia” (2004) UNDP author of education and culture, transport and communication, and health sector, (co-author)Janevska, V., Trajkovski, I., Bogoev D., Dragovic, A., “Municipal Indicators – Definitions and sources´ UNDP author of education and culture, transport and communication, and health sector.

Dragovic, A. 2001. “Women’s Status and Fertility in the Republic of Macedonia”, Research Monograph, in Population and Sustainable Development Research Monograph, Cairo Demographic Center, 2001, Cairo, Egypt.

Dragovic, A. 2002. “Differentials of Fertility in the Republic of Macedonia”. 2002. in New Balkans Politics, vol.2-3, Peace and Democracy Center, Skopje

Dragovic, A. 2000.‘’Level, Pattern and Differentials of Fertility in the Republic of Macedonia, Population and Sustainable Development Research Monograph, Cairo Demographic Center, 2000, Cairo, Egypt.

‘’Local Election in the Republic of Macedonia” – Political Culture of the Citizens and their Influence on the Local Government”, (2002) Institute for Sociological, Political an Juridical Research, Skopje.

‘’Local elections 1996″, 1998. Institute for Sociological, Political an Juridical Research, Skopje.

‘’Sociological Aspects of Skopje”.1998 Institute for Sociological, Political and  Juridical Research, Skopje.

‘’Public Opinion on Social and Economic Reforms (1997, 1998, 1999). Institute for Sociological, Political and Juridical Research, Skopje.