Институт за семејни студии

д–р Ангелка Кескинова

Доцент

Доц. д-р Кескинова Ангелка родена е на 06.08.1984 год. во Прилеп.

Дипломирала(2008), магистрирала (2012) и докторирала (2014) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. По одбраната на докторската дисертација на тема: „Специфични проблеми во учењето кај лицата со пречки во развојот“ се стекнала со звање доктор по дефектолошки науки.

Од 2007г. до 2010г. била ангажирана како демонстратор на Институтот за дефектологија. Во период од 7 години, од 2010 до 2017г, работела како дефектолог и координатор на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост, кој функционира под раководство на Министерството за труд и социјална политика.

Од 2015 до 2018 работела како предавач по разни предмети на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Педагошкиот факултет на Универзитетот во Тетово.

Во декември 2018 година била избрана во доцент од областите: Образование, Дефектологија (семејство и инвалидноста, специјална едукација и семејства, семејство и пречки во развојот).

Во текот на својот професионален ангажман зела учество во следните проекти:

– Црвен крст на Република Македонија, Програма за личен асистент за лица со попреченост (2018)

– Фондација за едукативни и културни иницијативи – Чекор по чекот Македонија, Проект на инклузивни партнерства во заедиците (2018)

– УСАИД, ЛЦИФ и Универзитет на Југоисточна Европа, Проект за лица со пречки во видот (2017-2018)

– Координативен Одбор за волонтерски услуги, Проект – Напуштени деца од ромска национална припадност (2014-2015)

– Координативен Одбор за волонтерски услуги, Проект – Подобрување на вработеноста на жените Роми на пазарот на трудот во Македонија (2012-2014)

– Сојуз на дефектолози на Р.Македонија, Општински координатор во рамките на проектот „Унапредување на воспитно образовниот процес на децата со посебни образовни потреби на локално ниво“ (2010-2012)

– Институт за дефектологија, Филозофски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во соработка со Министерство за образование и наука „Работа со ученици со посебни образовни потреби“, (2010)

Зборува англиски јазик.

Истражувачки интереси: лица со пречки во развојот, семејствата и инвалидноста, родителство на дете со пречки во развој, интегрална рехабилитација на лицата со пречки во развојот, семејството и менталното здравје

Доц. д–р Ангелка Кескинова изведува настава и вежби по предметите:



Библиографија

Кескинова А, Радуловиќ М, Авировиќ Бундалевска И, Драговиќ И, Поддршка на семејство на дете со попреченост, 6та интернационална научна конференција: Социјалните промени на глобално ниво, Штип, 2019

Радуловиќ М, Авировиќ Бундалевска И, Кескинова А, Придонесот на Обединетите нации за семејствата, 6та интернационална научна конференција: Социјалните промени на глобално ниво, Штип, 2019

Кескинова А, Радуловиќ М, Авировиќ Бундалевска И, Семејстово и интелектуалната попреченост, Зборник на трудови, 70 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост во Република Северна Македонија, Битола, 2019

Кескинова А, Ајдински Г, Проблеми во учењето кај учениците со лесна интелектуална попреченост, Интернационално списание за когнитивни истражувања во науката, инжињерството и едукацијата, вол.6/1, 2018, Србија (достапно на: http://ijcrsee.com/index.php/IJCRSEE/article/view/354)

Кескинова А, Ајдински Г. Јазичните способности кај учениците со интелектуална попреченост, Дефектолошка теорија и практика, вол:1/2 2018, Скопје

Кескинова А, Мемеди Б, Третманот на лицата со посебни потреби низ историјата на различни култури, Петта меѓународна конференција, Зборник на апстракти, Тетово, 2017

Ајдински Г, Кескинова А, Мемеди Б. Интелектуална попреченост, учебник, Арбери Дизајн, Тетово, 2017 (печатена на македонски и албански јазик

Кескинова А., Аудитивна меморија, Четврта меѓународна конференција, Зборник на трудови, Тетово, 2016

Кескинова А, Ајдински Г, Мемеди Б, Квалитет на живот на семејствата на дете со интелектуална попреченост, Зборник на трудови, Охрид, 2015

Кескинова А, Ајдински Г, Мемеди Б, Квалитет на цртеж кај учениците со лесна интелектуална попреченост, Зборник на трудови, Охрид, 2015

Кескинова А, Даскаловски Д, Ајдински Г, Високо функционален аутизам, Зборник на трудови, Струга, 2014

Кескинова А, Чичевска-Јованова Н, Ајдински Г. – Стресот во семејство на дете со интелектуална попреченост, Зборник на трудови, Охрид, 2013

Кескинова А, Чичевска-Јованова Н, Ајдински Г. Социо-еконоски статус на семејствата со дете со интелектуална попреченост, Хрватска Ревија за рехабилитациски истражувања, вол.49/2, Загреб, 2013 (достапно на: http://hrcak.srce.hr/112821?lang=en )

Кескинова А, Ајдински Г, Каровска А. Подобрување на детекцијата на децата со попреченост во предучилишните установи, Зборник на трудови, Струмица, 2012

Кескинова А, Мишовска Т, Живеење со поддршка во Република Македонија, Зборник на апстракти, Белград. 2011

Кескинова А, Ајдински Г, Миличевиќ М, Теорија на емоционално поврзување на децата со аутизам и Даунов синдром, зборник на трудови, Сомбор, 2010

Кескинова А, Ајдински Г, Анализа на ставовите на воспитувачите во редовните предучилишни установи кон инклузивниот процес и застапеноста на децата со посебни образовни потреби во општина Прилеп, Зборник на трудови, Битола, 2010