МИС506И: Вовед во студии за попреченост

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииV3+16

Наставник: д–р Ангелка Кескинова

Цели на предметната програма:

Студентите треба да стекнат разбирање за суштинските концепти на студиите за попреченост, да ја разберат вредноста и ефектот на различни начини на размислување за попреченоста (модел на попреченост: социјален, медицински, културен и човекови права). Стекнување знаења за едукативните теории и практики и примена на теориите за попреченост во литературата, уметноста и филмот.

Содржина на предметната програма:

Зошто да се изучуваат студии за попреченост? Кое е значењето на квалитетот на живот и независното живеење? Истражувања за попреченост. Национална и меѓународна легислатива за попреченост. Глобални студии за попреченост. Политички студии за попреченост. Социолошки студии за попреченост. Критички психолошки студии за попреченост. Поструктуралистички студии за попреченост. Психоаналитички студии за попреченост. Инклузивни студии за попреченост.

Литература:

1. Goodley, Dan, Disability Studies – An interdisciplinary Introduction, SAGE 2011

2. Ајдински, Горан, Киткањ, Зоран, Ајдински, Љупчо, Основи на дефектологијата, Македонска ризница, Куманово 2007

3. Johnstone, David, An introduction to disability studies, David Fulton Publishers 2005