д–р Зоран Матевски

Редовен професор

Роден на 16.11.1957 година во Скопје, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Институтот за Социологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Веднаш по дипломирањето е примен како помлад асистент на Институтот за Социологија. Магистерскиот труд под наслов „Социјалните причини за иселување од Република Македонија во прекуокеанските земји” го одбранил во 1994 година, со што се стекнал со академскиот степен магистер по социолошки науки. Истата година е избран за асистент при Институтот за Социологија. Докторската дисертација под наслов „Влијанието на средствата за масовна комуникација врз социолошките сознанија кај учениците во средно образование во Република Македонија” ја одбранил во 1998 година, со што се стекнал со научен степен доктор по социолошки науки. Истата година е избран во наставно-научното звање доцент. Во 2003 година е избран за вонреден професор на Институтот за Социологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во 2008 година е избран за редовен професор. Функцијата раководител на Институтот за социологија ја извршувал во периодот од 2009 до 2017 година. Ги извршувал и функциите раководител на Советот за докторски студии по Социологија, раководител на Советот за последипломски студии по Социологија, раководител на Советот за последипломски студии по Европски студии за интеграција. Во моментот е раководител на Центарот за интеркултурни студии и истражувања, и раководител на Комисијата за настава на Филозофскиот факултет.

Бил визитинг професор на Филозофскиот факултет при Јaгeлонскиот Универзитет во Краков Полска, каде што го држел предметот Religion in R. Macedonia and West Balkan region. Бил на студиски посети во Хрватска, Полска и Летонија, каде што одржал циклус на предавања за религиската ситуација во Македонија и на Балканот. Во 2019 година ја организира First European Conference for Religious dialogue (ќе се одржува секоја втора година), како претседател на Меѓународниот Програмски Одбор. Го формира меѓународното списание „Religious Dialogue and Cooperation/Религиски Дијалог и Соработка”, каде што е главен и одговорен уредник. Во моментов е член на неколку значајни меѓународни научни институции: International Institute of Sociology (IIS); International Sociological Association (ISA); Society for the Sociology of Religion (ISSR); European Association of the Study of Religion (EASR); International Study of Religion in Eastern and Central Europe Association (ISORECEA) European sociological association (ESA) Global Research & Development Services (GRDS).

Учествувал во голем број на научно-истражувачки проекти, а во моментот учествува во: (2019–2023) Project to develop and implement a national strategy for the development of the concept of One Society for all and Interculturalism и (2018- 2021) RETOPEA, Religious Tolerance and Peace.

Го зборува англискиот јазик. Бил претседател на Здружението на Социолозите на Република Македонија во периодот од 1998 до 2002 година.

Истражувачки интереси: социологија на религија, улогата на религијата во мир и конфликт, религиски дијалог и соработка, религиски фундаментализам и исламофобија, разрешување на конфликти.

Проф. д–р Зоран Матевски изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ИРС1013] Социологија на големите светски религии

  • 2

    [СО1043/18] Религијата во современото општество

  • 3

    [ЕИ1023/18] Културите и религиите во современите европски општества

  • 4

    [МОК1123/18] Разрешување на конфликти

На третиот циклус студии:
  • 1

    [СОЦ3] Религијата во Р. Македонија и Балканот

  • 2

    [СОЦ9] Современите религиски системи во Европа

  • 3

    [МОМК119] Реконсилијација и соработка



Библиографија

Книги:

2011. Социологија за прва година (за средно стручно образование).Скопје: Министерство за образование и наука (како коавтор)

2006. Социологија за прва година (за средно гимназиско образование). Скопје: Просветно дело (како коавтор)

2005. Социологија за четврта година (за средно гимназиско образование). Скопје: Просветно дело (како коавтор)

2004. Социологија за трета година (за средно гимназиско образование-). Скопје: Просветно дело (како коавтор)

2002. Социологија за прва година (за средно гимназиско образование). Скопје: Просветно дело (како коавтор)

2000. Методички прирачник за реализаџија на наставата по Граѓанско образование. Скопје: Биро за развој на образованието (како коавтор)

2000. Граѓанско образование (за средно стручно образование). Скопје: Биро за развој на образованието (како коавтор)

2000. Масмедиумите и наставата, Скопје: ЗСМ 1995. Семејниот живот на македонските иселеници во Канада (Торонто), (коавтор), Скопје: Филозофски факултет

1995. Македонците во прекуокеанските земји. Скопје: Бас-траде

Научни трудови:

2019. The Social Conditionality of Religious Painting in R. Macedonia. In: Conference Proceedings of the 7th International Conference „Ohrid-Vodici 2019”: Identities, Cultural Heritage and Tourism as Importamt Elements of the Contemporary Everyday Life and Global Processes Figures. Skopje: Institute for Socio-Cultural Anthropology of Macedonia

2019. New Concept for Equal Regional Development in the Republic of Macedonia. In Book of proceedings of the III International Scientific Conference, Regional development and cross-border cooperation. Pirot: Contracting Chamber Of Economy Pirot District, pp. 149–158

2019. The Influence of Religious Tourism on Cross-Border Cooperation. In Book of proceedings of the II International Scientific Conference, Regional development and cross-border cooperation. Pirot: Contracting Chamber Of Economy Pirot District, pp. 95–100

2019. Religious Exclusivism and Refugee Crisis in a Globalized World. In Conference proceedings: Migrant and Refugee Crisis in a Globalized World: Responsibilities and Responses. Vol. 1. Skopje: Faculty of philosophy. ISBN 978-608-238-156-5, pp. 77–87

2019. Attitudes of the Political Elite about Introducing Religious Education in the Public Schools in R. Macedonia. UCD 2:37.014.523(497.7).In: Politology of Religion, A Biannual Conference 2018 (Conference Proceedings). Belgrade, Serbia. ISBN: 978-86-6425-057-3, pp. 139-152

2018. Ethnic and Religious Identity in the Socialist Federal Republic of Yugoslavia.UCD,316.356.4:316.722(497.1)”1945/1990”316.74:2(497.1)”1945/1990. In: Sociological Review, Vol.52 (2018),no.4, Belgrade, Serbia, ISSN 0085-6320, EISSN 2560-4880 UKD 316, pp. 1437–1445

2018. The Macedonian Diaspora in Overseas Countries: From Ethnic Izolation to Transnationalism. In: Proceedings from 6-th International Conference “Ohrid–Vodici, 2018” (edited by Rubin Zemon). Skopje: Institute for Socio-Cultural Anthropology of Macedonia, pp. 66-73

2018. Современите медиуми и нивната интеракција со христијанството во современа Европа. Труд објавен во зборник на трудови од меѓународен научен форум: Медиҋна среда, публична и стратегическа комуникация. София: Издателски комплекс–УНСС, стр. 307-313

2018. Education as a Factor in Strengthening Social Cohesion in R. Macedonia. In: Proceedings from the First International Scientific Conference “Reginal Development and Cross–Border Cooperation”. Pirot: Privredna Komora Pirot

2017. Reshaping of Religious Identity among the Believers of R. Macedonia in the Global Age. In: Proceedings from 5-th International Conference “Ohrid–Vodici, 2017” (edited by Rubin Zemon). Skopje: Institute for Socio-Cultural Anthropology of Macedonia, pp. 84-93

2017. Religious Situation in R. Macedonia and West Balkan Region.In Collection of Papers: Phd students in science. Blagoevgrad: University Press “Neofit Rilski”, pp. 62-72

2017. The Internet and sociological knowledge amongst students in R. Macedonia. Postmodernism problems. Volume 7, Number 3, Electronic Jurnal: South West University, 2017, pp. 250-268

2017. Sufism and Religious Tolerance in West Balkan Region. 3rd International Hamza Nigari Turkic World Cultural Heritage Symposium ( Ed. Fariz Khalilli and Metin Hakverdioglu). Samaxi: ADPU

2017. The Globalization Processes and the Characteristics of the Modern and postmodern Tourists. VI International Turkic Art, History and Folklore Congress/Art Activities (edited by Osman Kunduraci and Ahmet Aytac). Konya: Hur Ofset

2016. The Influence of Religion over Modern Terorism.In: Proceedings from 4-th International Conference “Ohrid–Vodici, 2017” (edited by Rubin Zemon). Skopje: Institute for Socio-Cultural Anthropology of Macedonia

2016. Religion and Intercultural Dialog: From Religious Tolerance to Religious terrorism (book chapter). International Relations and Conflict Resolution (edited by Lidija Georgieva). Skopje: Faculty of Philosophy

2015. The Influence of Religious Fundamentalism on the Conflicts in the Post Communistic States in the Balkan Region. Security Dialogues. Vol. 6,Number 2-1, 2015. pp.135-145. Skopje: Faculty of Philosophy

2014. Religious Dialoge and “Globalization of Understanding” in R. Macedonia and Balkan Region. In: Proceedings from the First International Scientific Conference: Social Change in the Global World. Shtip: Gpce Delcev University in Shtip, pp. 849-861

2013. National and Religious Identity in R. Macedonia in Global Age. In: Globalization and Sovereignty Decline ( Thematic Collection of Papers of International Significance ). Kosovska Mitrovica: Faculty of Philosophy, University of Pristina

2013. The Role of the Religion in Post Conflict Period in R. Macedonia. In Proceedings from the International scientific conference: Global-Local/Local-Global. Skopje: Faculty of Philosophy, pp. 43–56

2013. Globalization and Religion: Within Religious Fundamentalism and Ecumenism. In Proceedings from the International scientific conference: Sociology and the challenges of the global age. Skopje: Ss Cyril and Methodius University, pp. 46-56

2012. The culture of peace as a precondition of the Euro-Atlantic perspectives of the Balkan region. In Proceedings from the International scientific conference: Security and Euroatlantic Perspectives of the Balkans. Ohrid: University St. Kliment Ohridski, pp. 106 – 113

2012. National and religious identity in R. Macedonia in global age. In Proceedings from the International scientific conference: Identity in the era of globalization and Europeanization. Skopje: Ss Cyril and Methodius University, pp. 323-329 2011. Revitalization of monasticism in the Republic of Macedonia after the fall of communism. Социолошка ревија – The Sociological review. No.1/2011 Volume XII, стр. 115-127

2011. Улогата на религијата во мир и конфликт. Во зборник: Социологијата и општествените промени. Скопје: Филозофски факултет, стр.183-191

2010. Меѓурелигискиот дијалог на Балканот. Во зборник: Македонија и соседите. Скопје: Филозофски факултет, стр.121-128

2009. Some Aspect of the revitalization of religion in Republic of Macedonia after its independence. In Anthology: Culture in transition–transition in culture. Krakow: Jagiellonian University–Institute of Sociology

2009. Islamiche Ausbildung in per Republik Mazedonien. In anthology: Islamic education in Europe. Wien-Koln-Wemar: Bohlav verlag, pp.259-282

2009. Islamiche ausbildung in Republik Mazedonien. In collection of papers : Islamic education in Europe. Vienna: Faculty of Philosophy and educational sciences

2009. Some aspects of the revitalization of religion in R. Macedonia after its independence. Во Зборник: Culture in transition–transition in culture (IX Krakow-Skopje sociological seminar). Krakow: Jagilleonian University

2008. Urban poverty in the Republic of Macedonia: condition, characteristics, resolving policy. Во Зборник: Poverty and social policy in Central and Eastern Europe. Stockholm: Centre for Baltic and East European studies

2008. Улогата на религијата во мир и конфликт (македонскиот случај). Во Зборник: Социологијата и општествените промени. Скопје: Филозофски факултет

2008. Poverty in South East Europe with a particular Review of R. Macedonia. Во Зборник: Exploring issues of risk and vulnerability to children in South East Europe. Thessaloniki: South-East European research centre

2008. Меѓурелигискиот дијалог на Балканот-социолошка анализа. Во Зборник: Македонија и соседите. Скопје: Филозофски факултет

2008. The challenges of the sociology of religion in Macedonia after 1991. Во Зборник: Position and achievements of sociology of religion in the former Yugoslav republics: 1991-2007. Niš: Junir

2007. Методически идеи за преподаването в часовете по гражданско образование. Во Зборник: Иновативна социологиа. Софија: Универзитетско издателство “Свети Климент Охридски”

2007. Religion in multicultural society. Во Зборник: Sociological Horizons. Blagoevgrad: South-West University “Neofit Rilski”

2007. Religious dialogue and tolerance-theoretical and practical experiences of differences and similarities. Во списание: Politics and Religion. Beograd: Center for study of Religion and religious tolerance

2006. Introducing Religious education in Macedonia. Во Зборник: Religion and pluralism in education. Novi Sad: CEIR-Kotor Network

2005. Критички осврт врз некои погледи за религијата во современата американска социологија. Во Зборник: Современата американска социологија: Роберт К. Мертон како повод (меѓународен симпозиум). Скопје: Филозофски факултет

2005. Религијска толеранција у мултиетничкој и мултиконфесионалној Репиблици Македонији. Во Зборник: Религија у мултикултурном друштву. Нови Сад/Београд: Филозофски факултет у Новом Саду и Социолошко друштво Србије

2005. Sociological Analysis of the Religious Situation in Macedonian Post-Communist Society. Во Зборник: Religion and Politics. Blagoevgrad: South-West University “Neofit Rilski”

2005. Теоретски гледишта за билингвизмот и јазичната политика. Во Зборник: Јазичната политика и статусот на македонскиот јазик. Скопје: Институт за македонски јазик

2005. The religious Education in the Pedagogical System in the Republic of Macedonia. http://kotor network.info/papers/kotor

2004. Religious tolerance in Republic of Macedonia-is the national interests stronger than the ecumenical conscience.

2004. Меѓуетничка соработка во сферата на образованието – пример за дијалог меѓу невладиниот сектор и државните институции. Во Социолошка ревија (број 1-2, 2004 година). Скопје: Здружение на социолозите на Република Македонија

2004. Конструктивно разрешување на конфликтите како значаен фактор за заштита на човековите права и слободи. Во Зборник: Траумата и психолошките појави како последица на конфликтот како извор за загрозување на човековите права. Скопје: Fridrich Ebert Stiftung