- понеделник, 12:00–13:00 среда, 12:00–13:00
- antonio@fzf.ukim.edu.mk
д–р Антонио Јакимовски
Антонио Јакимовски е роден 1976 година во Скопје. Дипломирал (2000) и магистрирал (2005) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Докторската дисертација на тема „Антички светилки од Република Македонија” ја одбранил во 2008 година на Филозофскиот факултет во Скопје, со што се стекнал со звањето доктор на науки по Археологија. Од 2003 – 2007 година работи во Музеј на Македонија под договор за извршување стручни работи. Од 2006 – 2011 година ангажиран е на Филозофскиот факултет во Скопје при Институтот за Историја на уметноста и археологија како стручњак од практиката. Во звање доцент/нaучен соработник е избран во 2009 година, на Институтот за национална историја. Во 2011 година вработен е на Филозофскиот факултет во Скопје, каде во 2012 година е избран во звање доцент, а во 2017 во вонреден професор.
Во периодот од 2000 до 2020 година остварил повеќе студиски престои во Англија, Германија, Австрија, Словенија, Грција, Египет, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Учествувал на повеќе од 100 национални и меѓународни археолошки истражувања и проекти, а во Македонија раководел со голем број археолошки истражувања меѓу: Антички театар Скупи 2013 – 2017, Старо Бонче – Прилеп 2007 – 2020., Римски Форум Стоби 2003 – 2009., Барбарас – Демир Хисар, Јака Чешма – Неготино, Античка Демир Капија, Кале Локвени – Прилеп, Прилепец –Прилеп, Кралство Македонија, Катастар на Р. Македонија и многу други.
Одржал предавања на повеќе странски Универзитети: Универзитетот Оксфорд во рамки на сесијата Roman Discussion Forum – Trinity 2016, Универзитетите во Љубљана и Копер – Словенија во 2017, Филозофскиот факултет во Сараево 2018, Универзитетот во Загреб 2019 година.
Учествувал на 20 тина меѓународни и домашни симпозиуми.
Организација и автор на повеќе археолошки изложби реализирани во: Археолошки музеј во Загреб 2005., Музеј на Македонија 2006, AULA MEDITERRANEA-Пиран –Словенија 2006., Манхинг- Германија 2014, Археолошки музеј Скопје 2013, 2014, 2015, 2016., Земаљски музеј – Сараево 2018.
Од 2000 година е член на МАНД (Македонско археолошко научно друштво) а од 2012–2017 година член на претседателство на МАНД.
Член на стручна комисија на Министерство за култура на Р. Македонија за вештачење на одземени археолошки предмети во 2010 година.
Член на комисија за избор на предмети за изложување во постојаната поставка на новоотворениот Археолошки музеј на Македонија во 2014 година.
Член на комисија за избор во Музејски звања во три мандати во 2014, 2015 и 2016 година.
Директор на НВО Центар за археолошки истражувања во периодод од 2013 – 2017 година.
Истражувачки интереси: Античка археологија, римска археологија, Археологија на Блиски Исток , нумизматика
Проф. д–р Антонио Јакимовски изведува настава и вежби по предметите:
На првиот циклус студии:
На вториот циклус студии:
-
1
[А234И/18] Почетоци на нумизматика и Племенско монетоковање на Балканот
-
2
[А243И/18] Античка нумизматика во Македонија
-
3
[А242И/18] Античка керамика во Македонија
Библиографија
Das königliche Grab aus Staro Bonče, The Clash of Cultures? The Celts and the Macedonian World, Manching 2014 (in print).
Project Ancient Theatre Scupi 2013-2017, On the cross-path of cultural ideas : Macedonia, the Balkans, SoutheastEurope – heritage, management, Skopje 2020, 137-144.
Археолошки истражувања на локалитетот Павла Чука, Археолошки информатор 3, Прилеп 2019, 63 – 74.
Некрополите Долиште и Присои кај село Прилепец, Зборник на трудови 21, НУ Завод и Музеј Битола, Битола 2019, 1 – 12.
Complex of the Archaeological Sites of Staro Bonče, Folia archaeologica Balкanica IV, Skopje 2018, 205 – 256.
Kale Lokveni, Folia archaeologica Balкanica IV, Skopje 2018, 169 – 178. (Vo koavtorstvo so Dejan Kebakoski)
Folia archaeologica Balкanica IV, Skopje 2018, Уредник.
Библиографија на професор д-р Виктор Лилчиќ Адамс, Folia archaeologica Balкanica IV, Skopje 2018, 73-89.
Biography of Professor Viktor Lilčić Adams PhD, Folia archaeologica Balкanica IV, Skopje 2018, 45 – 72.
Биографија на професор д-р Виктор Лилчиќ Адамс, Folia archaeologica Balкanica IV, Skopje 2018, 15 – 44.
Antique Cult Buildings from Staro Bonče, Givin Gifts to God, Kumanovo 2017, 129 – 135.
Римски театар Скупи, Скопје 2017, Уредник.
Предговор, Римски театар Скупи, Скопје 2017.
Археолошки истражувања на римскиот театар во Скупи 2013-2016 година, Римски театар Скупи, Скопје 2017.
Римски театар Скупи, Римски театар Скупи, Скопје 2017, (прв автор со група автори)
Глаголички букви врежани на средновековни грниња од Скупи, Милениумското зрачење на Св. Климент Охридски, МАНУ, Скопје 2017, 353-362.
Висока и Старо Бонче, Скопје 2016. (Во коавторство со В. Лилчиќ)
The Golden Hoard from Tremnik – Ormankov Grob, Balcanoslavica Vol. 45, Prilep 2016, 125 – 133.
Glagolitic inscriptions on ceramic dishes discovered during the archeological excavations in Skupi (Skopje), Slověne = Словѣне, International Journal of Slavic Studies, Vol.5 No 2, Moskow 2016, 1-19.
Archaeological Research of the Roman Theatre at Scupi 2013-2015, Balcanoslavica Vol. 40-44, Prilep 2015, 177-182.
Visoka and Staro Bonce, Skopje 2015. (Во коавторство со В. Лилчиќ)
Антички светилки од Република Македонија, Скопје 2012.
Das königliche makedonische Grab in der Nähe von Bonče, Folia archaeologica Balкanica II, Skopje 2012.
Attempt for location of the Mediaeval Town of Kavalarion, Macedonian Heritage No. 38-39, Skopje 2011. (Во коавторство со В. Лилчиќ и Б. Ангеловски)
Macedonian Royal Tomb at Staro Bonche, Macedonian Heritage No. 38-39, Skopje 2011.
Градба со арки – Forum Romanum Stobis. Skopje 2010.
Horizon from Iron Age on Sector’’Roman Necropolis’’- Isar Marvinci, Macedonian Heritage No. 36-37, Skopje 2010.
Римски Форум – Стоби, истражувања 2003 – 2006 година, Maced. acta archaeol 19, Skopje 2010.
Неолит во Македонија, Maced. acta archaeol 18, Skopje 2008, 45 – 54.
Антички светилки од збирката на Музеј на град Неготино, Maced. acta archaeol 18, Skopje 2008, 187-197.
Археолошки истражувања – Стоби 2001 година, Maced. acta archaeol 18, Skopje 2008, 271 – 282. (Во коавторство со М. Шурбаноска и Г. Санев)
Нови согледувања за римската куќа во Валандово, Maced. acta archaeol 18, Skopje 2008, 283 – 290. (Во коавторство со М. Шурбаноска)
Проект “Viminacium” Maced. acta archaeol 18, Skopje 2008, 455 – 458.
Светилки од Цареви Кули, Зборник на трудови во спомен на Јован Ананиев, Струмица 2007, 131-134.
Oil Lamps from the Collection of the Museum of Negotino. Macedonian Heritage No. 30, Skopje 2007.
Forum Romanum Stobis, Skopje 2007.
The Macedonian Type of Lamps, Skripta Praehistorika, Situla 44, Ljubljana 2007.
The Neolithik Settlement at Čatež – Sredno Polje, First Farmers – Koper 2005. (Во коавторство со М. Гуштин и група автори)
Lychnology, Macedonian Heritage No. 27, Skopje 2006.
Северен бедем – Стоби 2001, Maced. acta archaeol 17, Skopje 2006, 141 – 150.
The Macedonian Type of Lamp, Macedonian Heritage No. 27, Skopje 2006.
Чаир Рид, село Тремник, Македонски археолошки преглед кн. 1, Скопје 2005, 87-91. (Во коавторство со К. Ангеловски)
Антички светилки од збирката на музеј на Македонија, Скопје 2005.
“Неолитот во Источна Македонија”. Интернет списание на археолошкото студентско здружение- AXIOS – www.axios.com.mk
“Неолитски населби во Скопско”. Интернет списание на археолошкото студентско здружение- AXIOS – www.axios.com.mk
Делчево 2001: истражување на четири тврдини од 6 век, Македонско наследство бр. 17, Скопје 2001.(Во коавторство со В. Лилчиќ)
Новооткриена гробница вклесана во карпа од Исар Марвинци, Македонско наследство бр. 14, Скопје 2000.