А304И/18: Раноантичка нумизматика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаIII2+26

Наставник: д–р Антонио Јакимовски

Цели на предметната програма:

Студентите да ги запознаат основните елементи на раната античка нумизматика, во М. Азија и на Балканскиот полуостров; да ги совладаат методите и техниките на идентификација и научна обработка на нумизматичкиот материјал.

Содржина на предметната програма:

Запознавање со нумизматичките развојни етапи, системи, типови, вредности; монетите на поважните хеленски градови-држави на Балканот; на поважните градови од Магна Граеција и Мала Азија; на пајонските племиња и владетели од раната антика; на македонските владетели од класичен и хеленистички период на групата Дамастион.

Литература:

1. J. Babelon, Antička numizmatika, Beograd, 1970.

2. Шелдаров, Н. и Лилчиќ, В., Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Р. Македонија, Скопје, 1994.

3. Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999.

4. D. R. Sear, Greek Coins and their Values, Vol. I, Europe, London, 1978.

5. D. R. Sear, Greek Coins and their Values, Vol. II, Asia and North Africa, London, 1978.