- (02) 3 116 520, лок. 205
- среда 12.00-13.00, четврток 13.30-14.30 Кабинет 24
- elenaa@fzf.ukim.edu.mk
- профил на ризницата на УКИМ
- ORCID ID: 0000-0002-8140-030X
д–р Елена Ачковска Лешковска
Проф. д–р Елена Ачковска Лешковска е родена во Скопје, каде го завршила основното и средното образование со континуиран одличен успех. Дипломирала (1982) и магистрирала (1992) на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со научен степен доктор на психолошки науки се стекнала во 2004 година на истиот факултет, со одбрана на докторската дисертација „Имплицитните и експлицитните теории во функција на идентификацијата на надарените ученици. Во 1985 година се вработила на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент-приправник, каде напредувала во сите наставно-научни звања. Од 2014 година е редовен професор на Институтот за психологија.
Нејзиното стручно усовршување во сферата на образованието го реализирала преку два престоја во странство: Клагенфурт, Австрија (2000) и Сиетл, САД (2004). Во рамките на меѓународната наставно-научна соработка, по покана на Одделението за психологија при Универзитетот La Sapienza во Рим, Италија, во ноември 2009 одржала предавање за студентите. Во периодот од 2011 до 2013 година ја следела обуката за Образовна политика, реализирана од експерти од Центарот за образовни политики (CEPS) при Педагошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Словенија и била сертифицирана како специјалист по образовна политика.
Резултатите од нејзината научно-истражувачка работа ги презентирала на светски конгреси за психолози (Белингам, 1998; Стокхолм, 1999; Барселона, 2001; Берлин, 2008, Коимбра, 2012) и на голем број научни средби од национален, регионален или меѓународен карактер.
Учествувала во реализацијата на повеќе меѓународни и домашни истражувачки или апликативни проекти, како раководител или член на стручниот тим: Вредносните конфликти и нивното разрешување во периодот на социјално- политички промени во Р. Македонија (1995-1998), Обука и реобука на наставниците и обучувачите за реформа на средното стручно образование во Р. Македонија (2000-2003), Верификација на валидноста на методологијата за идентификација на надарените ученици во Р.Македонија (2001-2004), Интеркултурното образование во Република Македонија: анализа на содржини кои имплицираат интеркултурност во учебниците за основно образование на македонски јазик (2009), Програма за образование на Роми (2009-2014), Growth Mindset in FYR Macedonia (2014), Откривање и работа со надарените и талентираните (2015-2018), Идентификација (Mапирање) на потенцијалите во општествените и хуманистичките науки во Република Македонија за организирана научна работа во областа на когнитивната наука (2017).
Во однос на стручно-апликативната дејност, последниве дваесет години, во својство на обучувач, одржала голем број семинари со наставници од сите степени на образование и/или со студент во рамките на програмите: Со читање и пишување до критичко мислење, Креативна настава и учење, Програма за образование на Роми и Обука на наставници за работа со надарени ученици. Била регионален консултант во програмата Активности во средното образование. Во Проектот-Национална програма за развој на образованието во Р.Македонија (2005-2015), партиципирала како член на работната група за изготвувањето на програмата за развој на средното и пост-средното образование. Во 2012 е избрана од Министерството за образование на РМ како член на експертскиот тим во рамките на проектот Македонски талент, како и во експертскиот тим за изготвување Програма за советување ученици од основните и средните училишта (претседател на работната група).
Професор Елена Ачковска-Лешковска била раководител на наставно-научниот колегиум на вториот циклус студии на Институтот за психологија во два мандатни периоди (2009-2017). Била или е член на уредувачки одбори во неколку меѓународни и домашни списанија: Thinking Classroom, International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE), Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Психологија-наука и практика. Членувала и во повеќе комисии формирани на Филозофскиот факултет: за одобрување средства за помагање на издавачката дејност, за евалуација, за настава, конкурсна комисија. Била член на програмските одбори на неколку меѓународни конференции. Од 2012 година таа е и член управниот одбор на Македонска асоцијација за надарени и талентирани во Битола. Активно го зборува англискиот, а пасивно се служи со германскиот јазик.
Истражувачки интереси: Нејзиниот потесен научен и стручен интерес и активност е во областа на когнитивната психологија, психологијата на надареноста и психологијата применета во образованието.
Проф. д–р Елена Ачковска Лешковска изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:
На првиот циклус студии:
-
8
[УП001/18] Психологија во образованието
На вториот циклус студии:
-
1
[ПС101З/19] Психолошки школи и правци
-
2
[ПС202И/19] Интелигенција
-
3
[ПС211И/19] Работа со надарени ученици
-
4
[ФПС204И/19] Критичкото мислење во наставата
На третиот циклус студии:
-
1
[ПС102З] Нови идеи и трендови во психологијата
-
2
[ПС102И] Општа психологија
-
3
[ПС106И] Педагошка психологија
-
4
[ПС203И] Интелигенција и когнитивни стилови
-
5
[ПС207И] Надарените во образовниот процес
Покрај тоа, таа ја изведува наставата и испитите од предметот Психологија за кандидатите на Педагошко-психолошка и методска доквалификација
Библиографија
Проф. д-р Елена Ачковска Лешковска е автор на еден и коавтор на уште два универзитетски учебници, коавтор на 6 прирачници и еден средношколски учебник, автор на 6 скрипти за интерна употреба и автор или коавтор на над 60 статии публикувани во домашната и странската периодика. Дел од нив се во прилог.
Учебници, монографии, прирачници и извештаи:
Миовска-Спасева, С. и Ачковска Лешковска, Е. (2018). Идентификување на интеркултурната состојба во мултиетничките училишта во Република Македонија:Извештај од истражување во едно двојазично и две тријазични училишта, Скопје: Нансен дијалог центар.
Миовска-Спасева, С. и Ачковска Лешковска, Е. (2017). Mултикултурноста и интеркултурноста во учебниците од шесто до деветто одделение во основното образование во Rепублика Mакедонија, Скопје: Нансен дијалог центар.
Ачковска Лешковска, Е. и Миовска-Спасева, С. (2017). Идентификување на интеркултурната состојба во мултиетничките училишта во Република Македонија: Извештај од истражување во пет двојазични училишта, Скопје: Нансен дијалог центар и МОН на РМ.
Ачковска Лешковска, Е. и Миовска-Спасева, С. (2016). Mултикултурноста и интеркултурноста во учебниците од прво до петто одделение во основното образование во Rепублика Mакедонија, Скопје: Нансен дијалог центар.
Крстеска-Папиќ, Б., Билал, С., Емин, О., Миовска-Спасева, С., Ачковска Лешковска, Е., Стојковски, С. (2015). Концепција за интеркултурно образование. Скопје: МОН на РМ
Ачковска Лешковска Е. Арнаудова, В. (2011). Психологија и култура во сообраќајот (за 4 година, сообраќајна струка), МОН на РМ.
Миовска Спасева, С., Ачковска Лешковска, Е. (2010). Критичкото мислење во универзитетската настава. Скопје: ФИООМ.
Ачковска Лешковска, Е. (2009). Надареност. Скопје: Филозофски факултет
Арнаудова, В. Ачковска Лешковска, Е. (2007). Надарено дете. (2. издание) Скопје: Филозофски факултет.
Achkovska Leshkovska, E., B.Aleksovski,B., Brozo, B., Janevski, V., Lewis,J., Moore, D., Moorman, G., Rexepi, L., E.Stutevart, E. (2005). Learning by doing, Guide Book IV, SEA, U.S. Agency for International Development.
Achkovska Leshkovska, E., B.Aleksovski,B., Brozo, B., Janevski, V., Lewis,J., Moore, D., Moorman, G., Rexepi, L., E.Stutevart, E. (2004). Learning through community, Guide Book III, SEA, U.S. Agency for International Development.
Achkovska Leshkovska, E., B.Aleksovski,B., Brozo, B., Janevski, V., Lewis,J., Moore, D., Moorman, G., Rexepi, L., E.Stutevart, E. (2004). Learning through projects, Guide Book II, SEA, U.S. Agency for International Development.
Achkovska Leshkovska, E., B.Aleksovski,B., Brozo, B., Janevski, V., Lewis,J., Moore, D., Moorman, G., Rexepi, L., E.Stutevart, E. (2004). Learning in the classroom, Guide Book I, SEA, U.S. Agency for International Development.
Лазаревска, С. Анѓелеска, Н. (ур.)(2004). Со читање и пишување до критичко мислење, прирачник (коавтори: Ачковска Лешковска, Е., Јаневски, В., Андонова Митревска, Т., Стројманова, Р.). Скопје: ФИООМ.
Арнаудова, В., Ачковска Лешковска, Е. (1996). Ајде да мислиме како да мислиме. Скопје: Детска радост.
Статии во домашна и странска периодика:
Ачковска Лешковска, Е. (2017). Интелигенција наспроти рационалност (Intelligence versus Rationality). Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, Книга 70, 139-156.
Achkovska Leshkovska,E., Miovska-Spaseva, S. (2016). Compatibility of John Dewey’s work and Howard Gardner’s multiple intelligences theory: educational implications. International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education, 4(2), 57-66.
Ачковска Лешковска, Е. (2016). Предиспитна анксиозност, стратегии за соочување со испитна ситуација и постигнување на тест ба знаење кај студенти. Зборник на трудови од Меѓународната конференција за теорија и практика во психологијата, Скопје: Филозофски факултет, 279-296.
Петроска Бешка, В. и Ачковска Лешковска, Е. (2015). Изработка на прашалник за мерење на умствениот склоп (ПМУС) кaj адолесценти од Република Македонија. Психологија-наука и практика. 1(1), 9-25.
Lazarova, B., Achkovska-Leshkovska, E. (2014). Passion toward studying, flow and academic burnout in university students. XX Naučni skup Empirijska istraživanja u psihologiji (Zbornik radova), Filozofski fakultet, Beograd, 210-216.
Ачковска Лешковска, Е. (2014). Психолошките карактеристиките на учениците како предиктори на нивното академско постигнување. Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, Книга 67, 54-66.
Ачковска Лешковска Е. (2014). Испитна анксиозност, перфекционизам и училишни постигнувања кај средношколци. Просветно дело, LXVII (1), 16-28
Shterjovska, M., Achkovska Leshkovska, E. (2014). Time perspective as predictor of meaning in life. International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education, 2 (1), 25-29.
Achkovska Leshkovska,E.(2013). Implementation of Bologna Process at the Ss. Cyril and Methodius University in Skopje: А View from Inside. International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education, Vol.1(1), 42-50.
Achkovska Leshkovska, E. Davchev,V.(2013). Intercultural education: Analysis of the primary school textbooks in the Republic of Macedonia. International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education, 1(2),51-56.
Shterjovska, M., Achkovska-Leshkovska, E. (2013). Is a meaningful life a satisfying one? XIX Naučni skup Empirijska istraživanja u psihologiji, Filozofski fakultet, Beograd, 181-188.
Ачковска Лешковска, Е., Штерјовска М. (2013). Временската перспектива како предиктор на субјективната благосостојба на македонските студенти. Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, 66, 135-147.
Shterjovska, M., Achkovska Leshkovska, E. (2013). Time perspective, meaning in life and subjective well-being in Macedonian undergraduate students. International Studies in Time Perspective. Imprensa da Universidade de Coimbra, 131-140, ISBN: 978-989-26-0668-2
Miovska-Spaseva, S., Ackovska Leskovska, E. (2011). Alternative methods of undergraduate students’ assessment. 14th International BASOPED Conference: Evaluation in Education in the Balkan Countries, Belgrade: Balkan Society for Pedagogy and Education, 549-556.
Achkovska-Leshkovska, E. (2011). The educational implications of Howard Gardner’s multiple intelligences theory. Book of proceedings from International symposium Education between tradition and modernity), 22-24 September Ohrid, 364-372.
Achkovska-Leshkovska, E. (2009). Evaluation of gifted programs. Book of papers from the First international conference Talented and gifted creators of progress (theory and practice),University St. Kliment Ohridski, Bitola, Part one,173-180.
Davchev, V., Ackovska-Leskovska, E. (2008). Technology as a shaper of human culture: social and psychological consequences, Filozofska istraživanja 109,Vol.28 (1), 75-82.
Ачковска Лешковска, Е. (2007). Застапеност на компонентите на љубов кај студенти со различно ниво на емоционална свесност. Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, Книга 60, 151-169.
Arnaudova, V., Achkovska-Leshkovska, E. (2006). Kompatibilnost različitih kriterijuma u identifikaciji darovitih učenika, Zbornik radova Primenjena psihologija, 19-29.
Ачковска Лешковска, Е., Дунгевски, В. (2006). Разлики во стиловите на мислење кај средношколци од машки и женски пол. Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, Книга 59, 143-154.
Арнаудова, В., Ачковска Лешковска, Е., Спасовски, О. (2005). Верификација на научната методологија за идентификација на надарените ученици. Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, Книга 58, 67-84.
Ачковска Лешковска, Е. (2004). Имплицитниот концепт на надарен ученик кај наставниците од основните и средните училишта. Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, Книга 57, 151-169.
Ачковска Лешковска, Е. (2003). Евалуација на процедурите за идентификација на надарени ученици: конфликт помеѓу теоријата и практиката. Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, Книга 56, 183-194.
Ачковска Лешковска, Е. (2002). Гарднеровата теорија на интелигенцијата и нејзината импикација во наставната практика. Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, Книга 55, 79-103.
Preece, A., Longman, R., Hittleman, D ., Lewis, J., Achkovska-Leshkovska, E. & Miovska, S. (2000).The atmosphere is completely different: Students perceptions of RWCT in action in Macedonian classrooms. In Klooster,D.J., Steel,J.& Bloem,P.L.(Eds.) Ideas without Boundaries: International Education Reform Through Reading and Writing for Critical Thinking, Newark: International Reading Association, 94-107. (ISBN-10:0872072851)
Achkovska Leshkovska, E. & Miovska, S. (2000). RWCT in Macedonia. Thinking Classroom (an International Journal of Reading, Writing and Critical Reflection), inaugural issue, 23-25.(ISSN 1392-947X)