Р203З/18: Психологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииII2+26

Наставник: д–р Елена Ачковска Лешковска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со базичните научни сознанија од областа на психологијата, да умеат да ги препознаат и да ги разберат психичките феномени и да се оспособат за примена на стекнатите знаења и вештини во толкувањето на теми со родова проблематика.

Содржина на предметната програма:

Предмет на психологијата како наука и психолошки дисциплини. Теориски приоди во толкувањето на психичките феномени. Методи и техники на истражување во психологијата. Органски основи на психичкиот живот. Когнитивни, емоционални и конативни процеси. Структура и динамика на личноста. Социјализација на личноста. Улогата на биолошките и социјалните фактори во родовите разлики. Ментално здравје, психички растројства и психотерапии.

Литература:

1. Petz, B., Uvod u psihologiju (Psihologija za nepsihologe), Jastrebarsko: Naklada Slap, 2010

2. Џарвис, М., Теоретски пристапи во психологијата, Скопје: Арс студио, 2014

3. Colman, A. M., What is Psychology? London: Routledge, 2000