- (02) 3 116520, лок.103
- вторник, 13:00–14:00 четврток, 10:00–12:00
- suzana@fzf.ukim.edu.mk
- профил на ризницата на УКИМ
- ORCID ID: 0000-0003-2188-7555
д-р Сузана Миовска – Спасева
Проф. д–р Сузана Миовска-Спасева е родена во 1965 година во Скопје. Дипломира (1988, успех 10/10) на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје, а по дипломирањето завршува тригодишни студии по италијански јазик (1989-1992, успех 10/10) на Филолошкиот факултет при УКИМ-Скопје. Магистрира (1996) на Филозофскиот факултет во Скопје во областа на педагошките науки, а на истиот факултет и докторира (2002) со одбрана на докторска дисертација на тема „Прагматистичката педагогија и нејзиното влијание врз современата воспитно-образовна практика”, со што се стекнува со звањето доктор по педагошки науки. Во февруари 1995 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за педагогија. Во 1997 год. е избрана во звањето асистент, во 2003 год. во доцент, во 2007 год. во вонреден професор, а од 2012 год. (реизбор во 2017 год.) е редовен професор при Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата Франк Манинг за најдобар студент на генерацијата од Филозофскиот факултет во Скопје и на златна плакета од Филозофскиот факултет во Скопје за најдобар студент на факултетот во педесетте години од неговото постоење.
Добитник е на Фулбрајтовата стипендија за академската 2006/07 год. (Fulbright Visiting Scholar Award) која ѝ овозможува единаесетмесечен постдокторски истражувачки престој во Центарот за проучување на Дјуи при Универзитетот во Јужен Илиноис во САД (Center for Dewey Studies, Southern Illinois University-Carbondale). Остварува подолги студиски престои и на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија (Tempus Phare Individual Mobility Grant, 2000; Oxford Colleges Hospitality Scheme, 2001), како и на неколку универзитети и летни школи во Италија заради усовршување на италијанскиот јазик (Universita di Perugia, 1989; Universita degli Studi di Genova, 1989; Fondazione Giorgio Cini-Venezia, 1991).
Автор/коавтор е на седум книги и прирачници, десетина поглавја во книги што се објавени во странство (САД, Полска, Бугарија, Германија, Чешка, Словачка, Словенија), како и на шеесетина статии во странски (Србија, САД, Хрватска, Грција, Италија, Словенија, Романија, Шпанија, Чешка) и домашни списанија и зборници.
Учествува со свои излагања на повеќе од шеесет научни конференции и стручни собири во земјата и во странство, а на некои од нив добива и награда за најдобар истражувачки труд (Best Research Paper, International Academy of Business and Public Administration Disciplines, Orlando, USA, 2007; Best Paper Award, International Conference: Curriculums of Early and Compulsory Education, Zadar, Croatia, 2009).
Како Фулбрајтовец и добитник на CEEPUS и ERASMUS грантови за мобилност на академски кадар, гостува како предавач на неколку странски универзитети (College of Charleston, South Carolina, USA, 2007; Hobart and William Smith Colleges, Geneva, New York, USA, 2007; Filozofska fakulteta Univerze v Ljubljani, Slovenija, 2010, 2017; Uniwersytet Wrocławski, Polska, 2016; Università Cattolica del Sacro Cuore, Milano, Italia, 2019), а е ангажирана и како професор на Меѓународниот летен универзитет Македонија (International Summer University Macedonia 2006), одржан на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Учествува во дваесетина меѓународни и домашни истражувачки и апликативни проекти. Била национален координатор на меѓународниот проект „Со читање и пишување до критичко мислење“ (1997-2001), во чии техники обучила над две илјади наставници, професори и студенти, училишни директори и стручни соработници, советници и раководители од образовни институции од Македонија и од странство, на стотина семинари за методско иновирање на наставата во сите степени на образованиe. Како резултат на остварените резултати е избрана за овластен меѓународен сертификувач на програмата „Со читање и пишување до критичко мислење“ за Македонија (2001).
Има завршено двегодишна обука во меѓународната програма за водство во образованието (Development of Educational Leadership Trainings in the Western Balkan Region, 2011-2013 (30 ECTS), Nederlandse School voor Onderwijsmanagement-Amsterdam), како и двегодишна едукација во областа на образовната политика (Educational Policy Course, 2011- 2012 (31 ECTS), Centre for Educational Policy Studies, Faculty of Education, University of Ljubljana & Foundation Open Society Macedonia).
Член е на уредувачки одбор на неколку странски и домашни меѓународни списанија и на програмски одбор на повеќе меѓународни конференции во земјата и во странство. Ангажирана е како експерт за Евридика на Националната агенција за европски програми и мобилност (2014), како член на експертски тим за изработка на Kонцепција за интеркултурно образование на Република Македонија (Нансен дијалог центар-Скопје, МОН, 2015), а од 2017 год. и на тимот тренери при Нансен дијалог центарот во Скопје кои работат на јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците од двојазични и тријазични основни и средни училишта во Македонија.
Го зборува англискиот и италијанскиот јазик. Практикува јога, свири пијано и е љубител на патувања, филм и танцување.
Истражувачки интереси:Историја на педагошките идеи и образованието во Македонија, споредбено проучување на аспекти на образованието во Македонија и во земјите во светот, педагошка работа во областа на социјалната заштита, интеркултурно образование.
Проф. д–р Сузана Миовска-Спасева изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:
На првиот циклус студии:
-
5
[ПЕ811И/18; СР3043/18] Социјална педагогија
На вториот циклус студии:
-
1
[ПЕ1013/18] Педагошки правци и учења
-
2
[ПЕ203И/18] Современи образовни системи
-
3
[ФПЕ109И/18] Образовен систем на Република Македонија
-
4
[ПЕ221И/18] Подрачја на социјално-воспитна работа
-
5
[МО211И/18] Училишно водство
На третиот циклус студии:
-
1
[ПЕД08] Компаративна образовна политика
-
2
[ПЕД27] Современи пристапи во компаративното проучување на образованието
-
3
[ПЕД30] Теориски пристапи во социјалната педагогија
-
4
[ПЕД04] Европски модели на социјално-педагошка работа
-
5
[ПЕД16] Мултисекторско партнерство во социјално-педагошката работа
Библиографија
Поглавја во книги објавени во странство
Protner, E., Medveš, Z., Batinić, Š., Miovska-Spaseva, S., Spasenović, V., Šušnjara, S., Radeka, I., Zorić, V., Vujisić Živković, N. (2020). Usporedba razvoja obrazovanja učitelja u državama nekadašnje Jugoslavije;Protner, E., Medveš, Z., Batinić, Š., Miovska-Spaseva, S., Spasenović, V., Šušnjara, S., Radeka, I., Zorić, V., Vujisić Živković, N. (2020). Bolonjska reforma obrazovanja predmetnih nastavnika u novonastalim državama na području bivše Jugoslavije; Miovska-Spaseva, S. (2020). Dostignuća i proturječja u razvoju obrazovanja i pedagogije u socijalističkoj Makedoniji (1945–1990); Miovska-Spaseva, S. (2020). Studij pedagogije u Makedoniji: razvoj i suvremeni izazovi. In: Protner, E. (Ed.) Razvoj i aktualne tendencije pedagogije i školstva na području nekadašnje Jugoslavije. Maribor: University of Maribor Press, 13-31; 33-58; 187-204; 313-332.
Miovska-Spaseva, S. (2019). Pädagogik between Tradition and Modernity: The Case of Macedonia. In: Kudláčová, B. and Rajský, A. (Eds.). Education and “Pädagogik”– Philosophical and Historical Reflections (Central, Southern and South-Eastern Europe). Berlin: Peter Lang GmbH, Bratislava: Veda, 265-278.
Miovska-Spaseva, S. Počátky vzdĕlávání učitelů nižšich škol v Makedonii od poloviny 19. století. Kasper, T., Pankova, M. a kol. (2015). Učitel ve Střední a Jihovýchodní Evropě-Profesionalizace učitelského vzdělávání: historické a systematické aspekty. Praha: Academia & Národní pedagogické muzeum a knihovna J.A.Komenského, 239-248.
Protner, E., Medveš, Z., Batinić, Š., Miovska-Spaseva, S., Radeka, I., Spasenović, V., Šušnjara, S., Zorić, V., Vujisić-Živković, N. The Development of Teacher Training in the States of Former Yugoslavia (2012). A. Németh, E. Skiera, (Hrsg.) Lehrerbildung in Europa: Geschichte, Structur und Reform. Frankfurt am Main: Peter Lang, 237-265.
Geovska-Mitev, M., Miovska-Spaseva, S., Gjorgjev, D. (2010). Policy Priorities for Social Inclusion in Macedonia. Pfaller, A., Meinardus, M. (eds.). Social Inclusion in South-East Europe: National and Regional Policy Priorities for a Social Europe. Sofia: Friedrich Ebert Stiftung, 35-48.
Lakinska, D., Miovska-Spaseva, S. Pedagogika spoleczna na Balkanach. E.Marynowicz-Hetka (red.) (2007, 2009). Pedagogika spoleczna T.2, Podrecznik akademicki. Warszawa: Wydawnictwo Naukowe PWN, 400-413.
Preece, A., Ackovska-Leskovska, E., Miovska, S., Longman, F.R., Hittleman, R.D., Lewis, J. (2000). “The Atmosphere is Completely Different”: Students’ Perceptions of RWCT in Action in Macedonian Classrooms. In: D.J. Klooster, J.L. Steele, P.L.Bloem (Eds.) Ideas Without Boundaries: International Education Reform Through Reading and Writing for Critical Thinking. Newark: International Reading Association, 94-107.
Книги/монографии
Миовска-Спасева, С. и др. (2018). Образованието на наставниците во основното образование во Република Македонија: состојби и перспективи. Скопје: Фондација Отворено општество-Македонија.
Миовска-Спасева, С., Андоновска-Трајковска, Д., Селими, Н. (уред.) (2013). Водство во образованието. Скопје: Филозофски факултет, Nederlandse School voor Onderwijsmanagement-Amsterdam.
Андоновска-Трајковска, Д., Миовска-Спасева, С. (2013). Водство во образованието-Прирачник за обучување водачи во образованието. Скопје: Филозофски факултет, Nederlandse School voor Onderwijsmanagement-Amsterdam.
Миовска-Спасева, С.(2012). Компаративна педагогија. Скопје: Филозофски факултет.
Миовска-Спасева, С., Ачковска-Лешковска, Е. (2010). Критичкото мислење во универзитетската настава. Скопје: ФИООМ.
Миовска-Спасева, С. (2009). Основното образование во САД: поглед однадвор. Скопје: Филозофски факултет.
Миовска-Спасева, С. (2005). Прагматистичката педагогија и основното образование. Скопје: Селектор.
Документи/ извештаи од национални истражувања
Ачковска-Лешковска, Е., Миовска-Спасева, С. (2018). Компаративна анализа на резултатите од истражувањето на интеркултурната состојба во ООУ „Гоце Делчев“ од Гостивар во 2017 и 2018 година. Скопје: Нансен дијалог центар (документот е објавен на македонски и албански јазик).
Миовска-Спасева, С., Ачковска-Лешковска, Е. (2018). Идентификување на интеркултурната состојба во мултиетничките училишта во Република Македонија – извештај од истражување во едно двојазично и две тријазични училишта. Скопје: Нансен дијалог центар, МОН на РМ (документот е објавен на македонски и албански јазик).
Миовска-Спасева, С., Ачковска-Лешковска, Е. (2017). Идентификување на интеркултурната состојба во мултиетничките училишта во Република Македонија – извештај од истражување во две двојазични училишта. Скопје: Нансен дијалог центар, МОН на РМ (документот е објавен на македонски и албански јазик).
Ачковска-Лешковска, Е., Миовска-Спасева, С. (2017). Идентификување на интеркултурната состојба во мултиетничките училишта во Република Македонија – извештај од истражување во пет двојазични училишта. Скопје: Нансен дијалог центар, МОН на РМ (документот е објавен на македонски и албански јазик).
Миовска-Спасева, С., Ачковска-Лешковска, Е. и др. (2017). Мултикултурноста и интеркултурноста во учебниците од шесто до деветто одделение во основното образование во Република Македонија. Скопје: Нансен дијалог центар, МОН на РМ (документот е објавен на македонски и албански јазик).
Ачковска-Лешковска, Е., Миовска-Спасева, С. и др. (2016) Мултикултурноста и интеркултурноста во учебниците од прво до петто одделение во основното образование во Република Македонија. Скопје: Нансен дијалог центар, МОН на РМ (документот е објавен на македонски, албански и англиски јазик).
Крстеска-Папиќ, Б., Билал, С., Емин, О., Миовска-Спасева, С.,Ачковска-Лечковска, Е., Стојковски С. (2015). Концепција за интеркултурно образование. Скопје: МОН (документот е објавен на македонски, албански и англиски јазик).
Геровска-Митев, М., Миовска-Спасева, С., Ѓорѓев, Д. (2007). Приоритети на политиката за социјална вклученост во Македонија. Скопје: Фондација Фридрих Еберт (документот е објавен на македонски, албански и англиски јазик).
Статии во меѓународни списанија (избор)
Miovska-Spaseva, S. (2019). Primary Education in Macedonia in the Period between the Two World Wars. Historia scholastica- International Review for History of Education. Praha: Národní pedagogické muzeum a knihovna J. A. Komenského, Technická univerzita v Liberci, Fakulta přírodovědně-humanitní a pedagogická. No 1, Vol.5, 118-138.
Miovska-Spaseva, S. (2016). The study of pedagogy in the Republic of Macedonia: development and contemporary challenges. Sodobna pedagogika/Journal of Contemporary Educational Studies, 66/132(3), 124-140.
Miovska-Spaseva, S. (2016). The educational theory of John Dewey and its influence on educational policy and practice in Macedonia. Espacio, Tiempo y Educación, 3(2), 207-224. doi: http://dx.doi.org/10.14516/ete.2016.003.002.009
Achkovska-Leshkovska, E., Miovska-Spaseva, S. (2016). John Dewey’s educational theory and educational implications of Howard Gardner’s multiple intelligences theory. International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE). Vol. 4. No.2, 57-66.
Miovska-Spaseva, S. (2016). 70 years of study of pedagogy in Macedonia: Educational foundation in continuous development. International Journal for Education, Research and Training (IJERT). Skopje: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Philosophy – Department of Pedagogy. Vol.2, Issue 2, 181-187.
Miovska-Spaseva, S. (2015). Achievements and contradictions in the development of schooling and pedagogy in socialist Macedonia (1945-1990). Sodobna pedagogika/ Journal of Contemporary Educational Studies, 66/132(2), 114-128.
Protner, E., Medveš, Z., Batinić, Š., Miovska-Spaseva, S., Radeka, I., Spasenović, V., Šušnjara, S., Zorić, V., Vujisić-Živković, N. (2014). The Bologna reform of subject teacher education in the newly founded states in the territory of the former Yugoslavia. Зборник Института за педагошка истраживања 46(1), 7-27.
Miovska-Spaseva, S. (2014). Towards professionalization of school leadership: State of the art in Macedonia in the light of the global trends. Vodenje v vzgoji in izobraževanju/Leadership in Education Journal. Special issue, 85-96.
Miovska-Spaseva, S. Development of primary teacher schooling in Macedonia (1869-1963). Roots and fruits of a century-long tradition (2013). History of Education and Children’s Literature, VIII(1), 129-146.
Miovska-Spaseva, S. (2013). Human Mission of Education. International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education Vol. 1. No.1, 87-91.
Mueller, J., Biljanoska, J., Miovska-Spaseva, S. (2007). Implementation of European Credit Transfer System in Macedonian higher education. International Journal of Education Research, 2(1), 54-66.
Статии во зборници од меѓународни конференции (избор)
Миовска-Спасева, С. (2016). Воспитниот систем на Платон-стремење кон човечност. Зборник на текстови од меѓународната конференција одржана по повод 2400 години од основањето на Платоновата Aкадемија. Скопје: Филозофски факултет, 169-183.
Miovska-Spaseva, S., Barakoska, A. (2015). Practicum in the Initial Education of the Pedagogues: Students’ Perceptions and Experiences. First International Conference: Practicum of Future Pedagogues, Teachers and Kindergarten Teachers in Multicultural Environments- Experiences and Challenges (Conference Proceedings). Skopje: Faculty of Philosophy, Skopje, 240-250.
Miovska-Spaseva, S. Educational Reform in the Republic of Macedonia: Policy Priorities and Implementation Challenges. Nicolescu, V., Stanciu, F., Dramnescu, M. (Eds.)(2014). 15th International Conference: Educational Reform in the 21st Century in Balkan Countries. Bucharest: Balkan Society for Pedagogy and Education, Lumina University-Bucharest, 39-47.
Miovska-Spaseva, S., Bocvarova, J. (2012). ECTS and Teaching Organization in Higher Education in the Republic of Macedonia: Students’ views. International Scientific Symposium: Education between tradition and modernity. Skopje: Faculty of Philosophy, Book 1, 53-66.
Miovska-Spaseva, S., Ackovska-Leskovska, E. Alternative Methods of Undergraduate Students’ Assessment. A. Pejatovic (Ed.) (2011). 14th International BASOPED Conference: Evaluation in Education in the Balkan Countries. Belgrade: Balkan Society for Pedagogy and Education & University of Belgrade, Faculty of Philosophy, Institute for Pedagogy and Andragogy, 549-555.
Miovska-Spaseva, S., Bocvarova, J. (2011). ECTS and Conditions for Its Application in the Faculties of Education in the Republic of Macedonia. Book of Proceedings of the VI International Balkan Congress for Education and Science: Modern Society and Education. Skopje: Faculty of Pedagogy “St. Kliment Ohridski”, 11-19.
Miovska-Spaseva, S. Social Dimensions of the Policy of Educational Inclusion. 12th International Conference on Inclusive Education in the Balkan Countries: Policy and Practice (2009). Thessaloniki: Publishing House Kyriakidis Brothers S.A., 171-178.
Miovska-Spaseva, S. (2009). Elementary School Curriculum in the Republic of Macedonia and the US. Collected papers of the 3rd Scientific research symposium Curriculums of Early and Compulsory Education. Zagreb: Učiteljski fakultet, Sveučilište u Zagrebu, 123-134.
Miovska-Spaseva, S. (2009). Gifted Students in Primary Schools in the US: Inside Southern Illinois Classroom. First International Conference: Talented and Gifted Creators of Progress (Theory and Practice). Part Two. Bitola: University Sv.Kliment Ohridski, Faculty of Education, 93-100.
Miovska-Spaseva, S. (2008). What Kind of Teachers Do We Need in Our Primary Schools? Contemporary Intentions in Education Vol.1. Skopje: Faculty of Pedagogy St. Clement of Ohrid., 373-383.
Статии во домашни списанија и зборници (избор)
Миовска-Спасева, С. (2016). Компаративното проучување на образованието и образовното „позајмување“ – развојни дилеми и современи предизвици. Просветно дело, бр.5. Скопје: Здружение за теорија и практика на образованието „Образовни рефлексии“ 5-27.
Миовска-Спасева, С. (2015). Професионалниот идентитет на одделенските наставници низ призмата на реформите во основното и високото образование во Република Македонија. Просветно дело, бр.2. Скопје: Здружение за теорија и практика на образованието „Образовни рефлексии“, 21-38.
Миовска-Спасева, С., Рунчева, Ј. (2015). Мобилноста на наставниците во високото образование. Годишен зборник на Факултетот за образовни науки. Штип: Универзитет „Гоце Делчев‟, Факултет за образовни науки, 15-27.
Миовска-Спасева,С. (2011). Патеките и крстосниците на социјалната педагогија: историски развој и современи пристапи. Ревија за социјална политика бр.7. Скопје: Фондација Фридрих Еберт, Филозофски факултет-Скопје, 15-30.
Миовска-Спасева,С. (2011). Високото образование како амбиент за критичко мислење. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 35-47.
Миовска-Спасева, С. (2010). Компаративното проучување на образованието во потрага по сопствениот идентитет: современи дилеми и предизвици. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 33-45.
Миовска-Спасева,С. (2009). „Научи ме да бидам човек“: воспитната моќ на наставникот. Реафирмација на воспитната функција на училиштето. (Зборник на трудови од тематска расправа). Скопје: Дом на просветните работници, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, Филозофски факултет, 39-44.
Миовска-Спасева,С. (2009). Основното образование во Македонија и САД: компаративна анализа на целите, организацијата и курикулумот. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 29-50.
Миовска-Спасева,С. (2008). Образованието на наставниците во САД: состојби и приоритети. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 13-27.
Миовска-Спасева,С. (2007). Предизвиците на универзитетската настава. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 33-52.
Миовска-Спасева,С. (2006). Личноста и компетенциите на наставникот во современото образование. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 29-43.
Миовска-Спасева,С. (2005). Педагошките погледи на Џон Лок. Филозофија, бр.13. Скопје: Аз-Буки, 55-64.
Миовска-Спасева,С. (2004). Џон Лок – мисла која не застарува. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 51-65.
Миовска-Спасева,С. (2002). Прагматистичките идеи во реформските модели на воспитно-образовна работа во основното училиште. Образовни рефлексии бр.2-3. Скопје: Биро за развој на образованието, 42-50.
Ачковска-Лешковска, Е., Миовска-Спасева, С. (2002). Со критичко мислење до ефективна настава. Образовни рефлексии бр.1. Скопје: Биро за развој на образованието, 28-35.
Миовска-Спасева,С. (2002). Концептот на училиштето во воспитната теорија на Џон Дјуи. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 47-65.
Ачковска-Лешковска, Е., Миовска, С. (2000). Реализација на проектот „Со читање и пишување до критичко мислење“ во основното образование во Македонија. Зборник на трудови од тематска расправа: Традиционалното и современото во образовната теорија и практика. Скопје: Педагошки факултет „Свети Климент Охридски“, 152-160.
Миовска, С. (1999). Образовните активности на децата во семејството. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет, 87-104.
Миовска, С. (1998). Некои аспекти на демократизацијата на образованието и воспитувањето. Зборник на трудови од научен собир; Општествената транзиција и образованието. Скопје: Институт за педагогија, Институт за социологија, 230-234.