Институт за педагогија

д-р Киро Камберски

Редовен професор

Киро Камберски е роден во с. Владимирово, Беровско, во 1941 година. Во 1961 год. завршил учителска школа во Штип, а во 1966 год. дипломирал педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрирал на Универзитетот во Белград во 1980 год., а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1992 год. Во периодот од 1965 до 1971 год. работел како учител, воспитувач и младински раководител. Најголемиот дел од работниот век, од 1971 до 2004 год., го поминал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што ја изведувал наставата по предметите: Општа историја на педагогијата, Историја на педагогијата на Македонија и Компаративна педагогија.

Проф. д-р Камберски бил продекан на Филозофскиот факултет, раководител на Институтот за педагогија и на студиите по дефектологија, член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје, главен и одговорен уредник на „Годишниот зборник на Универзитетот”, главен и одговорен уредник на списанието „Педагогија”, претседател на Советот на Педагошкиот музеј на Македонија и др.
Предмет на неговите научни проучувања се образованието и педагошката мисла во Македонија од крајот на XIX век, а особено по нејзиното ослободување. Неговиот авторски опус го претставуваат околу 200 научни и стручни трудови.

Библиографија:

Kamberski, K. (ed.) (2001). Pre-primary and primary education in FYR of Macedonia (developement, state and prospects) Skopje: UNICEF Skopje Office. Камберски, К. (ред.) (2000). Предучилишното и основното воспитание и образование во Република Македонија (развој, состојби и перспективи). Скопје: Филозофски факултет. Камберски, К., Корубин, Ј. (ред.) Општествената транзиција и образованието (1998). Скопје: Институт за педагогија, Институт за социологија. Камберски, К., Корубин, Ј. (ред.) 50 години Филозофски факултет – Скопје (1996). Скопје: Филозофски факултет. Камберски, К. (1994). Од буквар до универзитет. Скопје: Просветно дело.